• Latest

Шекеринска – Харадинај: Одлична соработката меѓу Македонија и Косово

February 2, 2018
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска – Харадинај: Одлична соработката меѓу Македонија и Косово

February 2, 2018 17:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија и Косово се две пријателски земји, чии односи се базираат на меѓусебно почитување, доверба и отвореност за соработка, заклучија на денешната средба министерката за одбрана Радмила Шекеринска и косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Шекеринска, која престојува во еднодневна официјална посета на Косово, на средбата истакнала дека Македонија цврсто верува оти добрососедските односи се вистинскиот пат кон развиен и просперитетен регион. Посочила дека заедничката седница на двете влади планирана за оваа година ќе ја зајакне и унапреди соработката меѓу Македонија и Косово.

Во рамки на посетата, како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска во Приштина се сретна со министерот на Косовските безбедносни сили Рустем Бериша со кој констатирале дека билатералната соработка меѓу двете министерства е на највисоко ниво. Соработката, како што се наведува, е особено добра во областа на военото образование и изразија подготвеност таа да продолжи интензивно да се развива и во иднина.

 

– Македонија останува отворена за школување питомци од Косово на Воената академија, каде што се школуваат и питомци од Црна Гора и Босна и Херцеговина. Тие се идните воени лидери на нашите земји. Ако тие научат добро да соработуваат и ако градат доверба и соработка, нашите држави ќе имаат подобра иднина, истакнала Шекеринска.

Министерката Шекеринска најавила дека припадници на Армијата на Република Македонија ќе бидат дел од регионалната вежба „Орел VI“ која треба да се одржи во мај во Косово.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска ја истакнала и заинтересираноста за користење на капацитетите на косовскиот Центар за барање и спасување, а ги понудила и капацитетите во Македонија како Регионалниот центар за односи со јавноста, Воено-медицинскиот центар и полигонот „Криволак“.

Министерката за одбрана доцна попладне ќе се сретне и со командантот на КФОР, генерал – мајор Салваторе Куочи.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: КосовоМакедонијаМинистерство за одбранаРадмила ШекеринскаРамуш Харадинајсоработка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ