• Latest

Шекеринска: Членството на Македонија во Алијансата ќе создаде нова надеж за Балканот

April 27, 2018
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска: Членството на Македонија во Алијансата ќе создаде нова надеж за Балканот

April 27, 2018 11:16
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Бараме поддршка од САД за Македонија да добие покана за членство во НАТО оваа година, зашто еден таков пробив може да има позитивно влијание, кое ќе создаде нова надеж на Балканот, истакна заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на тркалезната маса во Вашингтон организирана од американскиот Атлантски совет, со што ја почна  официјалната посета на Соединетите Американски Држави.

На тркалезната маса на тема „Балканот и членството во НАТО низ призмата на Македонија: Високи влогови во однос на глобалната безбедност и судбината на демократијата во една мала земја“, Шекеринска зборуваше за Балканот и предизвиците со кои се соочуваше во минатото, за политичката криза во Македонија и новите реформски процеси, како и враќањето на земјата на патот кон евроатлантските интеграции.

– Овие 10 месеци сериозно се фокусиравме на домашните реформи и на подобрување на добрососедските односи. Се насочивме на прашања кои беа во сржта на евроатлантската интеграција – слободни медиуми, владеење на правото, меѓуетнички односи, отпорност на институции“, рече министерката.

Шекеринска Вашингтон

Навраќајќи се на настаните во Собранието кои се случија на денешен ден минатата година, Шекеринска рече дека лани на 27 април Македонија го допре дното.

– Настанот можеше целосно да излезе од контрола и се закануваше да ја однесе државата на чекор до граѓанска војна. Ние имавме оформено мнозинство во парламентот и сите очекуваа да биде избрана нова, реформски ориентирана влада, кога луѓето што сакаа се да остане по старо видоа дека насилството им е единствениот начин што им остана. За среќа обидот беше неуспешен, рече Шекеринска.

Како пример за новата реалност и демократските промени, го спомена медиумскиот пејзаж и видливите подобрувања во оваа област.

– Ние сме новата ѕвезда на последниот извештај на Фридом хаус, кој вели ’Македонија ја има најголемата шанса за демократски пресврт во Европа’. Прв пат по 2010 година ние гледаме подобрување во секој од критериумите. Медиумите се слободни да изберат кого ќе критикуваат, вклучувајќи ја и Владата, но ова е како демократијата треба да изгледа, рече министерката.

Шекеринска посочи дека Владата вложува многу во односите со соседите, споменувајќи го договорот за добрососедство со Бугарија кој се потпиша за помалку од два месеци по изборот на Владата.

– Овој договор отвори огромни можности за двете страни. И Македонија и Бугарија се презентираа како земји кои се зрели и заинтересирани за иднината и земји кои се однесуваат европски, рече министерката. Додаде дека тоа резултирало со самодоверба Владата да се вклучи во решавање на клучниот проблем во односите со Грција – името, со јасна одлучност да се обиде да најде решение на ова долгогодишно прашање.

Шекеринска се осврна и на реформските процеси во одбраната и Армијата.

– Оваа Влада покажа дека е одлучна да ги смени тенденциите – оваа година го зголемивме нашиот одбранбен буџет за 15 посто, ги зголемивме платите за целиот воен персонал за 10 проценти, донесовме одлука од 2019 година да го зголемуваме буџетот годишно за 0,2 процентни поени и го зголемивме нашето учество во Авганистан за 20 проценти, истакна Шекеринска.

Атлантскиот совет е една од највлијателните тинк-тенк организации во САД и важен форум за дискусии поврзани со економските и политички промени кои го дефинираат 21 век, кој има влијание врз креаторите на американските политики и одлуки. Тркалезната маса ja организираше Иницијативата за трансатлантска безбедност, како дел од Атлантскиот совет, а ја модерираше нејзиниот претседател Магнус Норденман.

Шекеринска во Вашингтон имаше средби и со конгресмените Дејвид Прајс, демократ од Северна Каролина и Питер Роскам, републиканец од сојузната држава Илиноис, како и со Елизабет Обеги, советничката за надворешна политика на сенаторот од Аризона, Џон Мекејн. Министерката ги образложи владините реформи вклучувајќи го и напредокот во реформите во одбраната, препораката за отворање на преговорите со ЕУ и демократските процеси во Македонија како и напредокот во меѓуетничките односи во земјата. Претставниците од американскиот Конгрес ја потврдија поддршката за членството на Македонија во НАТО и ЕУ и ги истакнаа стабилноста, безбедноста и развојот на демократијата во земјата како значајни за регионот.

Во текот на денешниот ден, министерката Шекеринска ќе има одвоени средби со заменик – помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер, како и со  високи претставници на Стејт департментот.

Tags: ЕУНАТОРадмила Шекеринска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ