За скандалот со збирката поезија „Млади поети“, под покровителство на Агенција млади и спорт, а како одговор на обвинувањата и барањата на ВМРО-ДПМНЕ, реагираше и СДСМ. „Лицемерна е наводната загриженост за говор на омраза на ВМРО-ДПМНЕ, кога токму оваа партија е позната по говорот на омраза и дискриминација што со години ги практикува“, стои во соопштението.
Бидејќи Агенцијата за млади и спорт е веќе во процес на утврдување на одговорноста, СДСМ вели дека се основани барањата на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи неказниовста на говорот на омраза беше нивна одлика.
„Времето на неказнивост и прикривање на говорот на омраза, на дискриминацијата и шовинизмот заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес, Македонија се гради како едно општество за сите во кое нема место за говор на омраза , а секој кој сторил каков било прекршок одговара за своите постапки“, велат од СДСМ.
ЦМ