„Претседателе на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 22.14 часот ја добив оваа заканувачка порака од извесен Борче Гиноски, кој за себе вели дека работи во обезбедувањето на СДСМ. Дали Вашата партија, премиере, почна да се служи со вакви методи? Дали ја одобрувате оваа отворена закана? Дали ќе преземете нешто? Утре изутрина точно во 9.15 часот ќе дојдам во седиштето на СДСМ. Ве молам да го обезбедите присуството на овој господин и на сите што се неопходни за моето најавено “бањање во Вардар”, објави вчера вечерта новинарот Бранко Героски на својот Фејсбук профил.
Изутринава Героски го посети седиштето на СДСМ на Бихаќка, за да добие одговор дека партијата не го познава заканувачот, тој не работи како обезбедувач во партијата, а не се сигурни дали воопшто е нивен член.
https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2239172899537726
Героски најави дека сака да се види со лидерот на партијата Зоран Заев, но единствено што успеа е да се сретне со Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ. Костадинов изјави дека, доколку се работи за нивен член, ќе преземат мерки согласно статусот, а како партија го осудуваат секој обид и напад на новинарите и слободата на изразување.
„На мене останува дали ќе го пријавам случајот во полиција. Ова е единствената писмена закана по серија написи што предизвикааа бура во јавноста. Тука не ги сметам секојдневните снимања зад грб, но не ги сметам за закани“, изјави Героски.
ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата и заканите упатени кон новинарот Бранко Героски. Огранизацијата ги смета ваквите напади за директен атак врз слободата на изразувањето и медиумските слободи. ЦИВИЛ очекува од институциите да реагираат по итна постапка.
Б. Јордановска