• Latest

СДСМ, внатрепартиски: Петровска предлага нов статут, ветинг, но и одложување на изборите, Деспотовски е за коренити реформи и демократизација, Бајдевски за децентрализација, Филипче за обединување

June 28, 2024
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

СДСМ, внатрепартиски: Петровска предлага нов статут, ветинг, но и одложување на изборите, Деспотовски е за коренити реформи и демократизација, Бајдевски за децентрализација, Филипче за обединување

June 28, 2024 20:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ се пред избор на шестиот партиски лидер, трет на непосредни избори кои следуваат по најлошиот изборен резултат во историјата на партијата.

Кој ќе го понесе товарот за „рехабилитација“ на СДСМ ќе се знае на 30 јуни. Во трка се четворица кандидати, сите познати во јавноста. Заедничко кај сите е дека партијата треба да се врати на социјалдемократијата и да се доближи до членството и граѓаните.

Славјанка Петровска

Враќање на социјалдемократијата, нов статут, ветинг за партиското раководство се дел од ветувањата на Славјанка Петровска.

„Очигледно дека заминувањето на Зоран Заев само по себе не беше решение, туку само купување време. Се промени само претседателот, но не се променија однесувањата кои ни штетеа“, вели пратеничката која ја бара довербата од членството.

На прашањата околу тоа на кој табор припаѓа досега одговараше дека со својот 24 годишен активизам во партијата е „дете на СДСМ“.

Сепак, на денешната прес конференција, Петровска ги повика противкандидатите в недела да не се одржат изборите за нов лидер на партијата и да се формира привремено партиско раководство кое дополнително ќе ги закаже внатрепартиските избори кога ќе се создадат услови за тоа

Петровска смета дека досегашниот изборен процес бил нефер и се осврна на неколку забелешки зошто треба да се одложат изборите. Како забелешка ја спомена регистрацијата на членството која не се вршела лично од самите членови, како и дека од некои од противкандидатите биле злоупотребени личните податоци на дел од членовите на партијата..

„Во определени општински организации се појавуваат одреден број гласачи кои не се дел, односно се само дел од членството на СДСМ, меѓутоа не ја направиле регистрацијата сами и не побарале тие да бидат регистрирани, значи некој друг користејќи ги алатките во нивно име ги регистрирал. Имав забелешка и за она што пред десетина дена се случи, но за тоа се уште немам одговор, тоа е злоупотребата на личните податоци од страна на еден од кандидатите, кога беа испраќани илјадници пораки користејќи ги тие податоци. Партијата започнала со некој процес на внатрешна истрага како е тоа стигнато, кандидатот дал одговор што за мене не е релевантен. Таков сериозен скандал не смее да биде премолчен, бидејќи тоа влијае кога имате пристап до базата на податоци на сите членови, а тоа го има само еден кандидат, тоа може да влијае сериозно и на процесот и на резултатот“, рече Петровска.

Јован Деспотовски

Јован Деспотовски вели дека по средбите со членството и теренските активности, може да се заклучи дека отворено се говори за состојбите, незадоволството и самите членови даваат конкретни идеи како да се реформира партијата во иднина. Според Деспотовски најголем интерес има околу кадровската обнова на партијата и како да се врати важноста на месните организации.

„Охрабрува тоа што луѓето отворено зборуваат, критикуваат, но и активно даваат свои предлози за промените кои ни претстојат. Тоа е здраво и суштинско, и јас сакам да слушам сè што имаат да ни кажат. Бидејќи ако не си ги кажеме сега работите какви што сè нема да можеме да влеземе во процесот на заздравување. Никој не треба да се ‘вознемирува’ од зборовите на членството и од критиките на луѓето. Напротив треба да ги слушаме и да постапиме така како што зборуваат ако сакаме да одиме напред,“ вели Деспотовски.

Венко Филипче

Според Венко Филипче, идниот претседател на СДСМ ќе има целосен легитимитет затоа што истиот го црпи од членовите. Според него, СДСМ е партија која на најдемократски начин бира претседател во легитимен и фер процес.

„Идниот претседател на СДСМ ќе има целосен легитимитет затоа што го црпи од членовите. СДСМ е демократска партија која уште еднаш тоа го потврдува преку организирање на внатрепартиски непосредни избори. Преку 23 илјади гласачи во недела ќе може да изберат кој сакаат да ја води партијата и ги повикувам масовно да го сторат тоа“, рече Филипче.

Тој кампањата ја оцени како фер и демократска и очекува во недела да се заокружи овој процес со легитимен избор на новиот претседател. Филипче уште еднаш се осврна на обединувањето како предуслов за успешно закрепнување на СДСМ и спречување на натамошни поделби.

„Јас останав доследен во ветувањето дека оваа кампања не треба и не смее да биде насочена кон никој од противкандидатите. Тоа само го слабее СДСМ и им дава материјал за напад на политичките противници кои гледаме дека тоа веќе го искористат. Ветив дека ќе се задржам на презентација на мојот концепт и обединувањето како предуслов за секој иден успех на партијата. Кој и да биде избран за претседател не смее понатаму да прави поделби во партијата. СДСМ оствари историски најслаб резултат и понатамошни поделби ќе го доведат опстанокот на партијата во прашање“, истакна Филипче.

Александар Бајдевски

За Александар Бајдевски, потребно е враќање на социјалдемократските вредности, слободата, правдата, солидарноста …

„Имајќи предвид дека сум долги години во СДСМ, од 1995 година, паметам години кога во нашата партија постоеше единство, другарство, солидарност, идеологија, заемна поддршка, како и мотив и желба за подобрување на состојбите како во партијата така и во државата. Тоа е она што ќе тежнеам да се врати преку моето работење“, пишува Бајдевски во својата програма.

И тој се залага за реконструкција и децентрализација на партијата за членовите да имаат поголемо учество во носењето на одлуките.

Реорганизацијата, вели, нема да биде брза, но има потенцијал тоа да се направи и да ја врати партијата како „водечка сила во државата“.

Првпат непосредни избори за претседател на партијата, социјалдемократите спроведоа во март 2021, кога Заев како единствен кандидат освои речиси 60.000 гласа.

За помалку од една година следуваа и вторите на кои победи Димитар Ковачевски откако Заев поднесе оставка по поразот на локалните избори во октомври 2021 година. Тој освои 37.649 гласа, а имаше двајца противкандидати. Еден од нив е и сегашниот кандидат Деспотовски за кого тогаш гласаа 3.319 членови. Трета беше Фросина Ременски со 2.836 гласа.

Покрај Заев и Ковачевски, досегашни претседатели на СДСМ беа и Бранко Црвенковски, Радмила Шекеринска и Владо Бучковски.

Инаку, очекувањата се дека „рехабилитацијата“ на партијата, без разлика кој и да победи, воопшто нема да биде лесен и брз процес.

Дамјан Варошлија

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БајдевскиДеспотовскиПетровскаСДСМФилипче
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ