• Latest

Се лизна ли бугарската влада на нафтата на „Лукоил“?

December 4, 2025

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Се лизна ли бугарската влада на нафтата на „Лукоил“?

Влијанието на руската политика за остварување на своите цели не е врзана за етнос или идеологија. Таа главно се концентрира на создавање на нестабилност, дури и онаму каде постои силен сентимент кон баќушките. Особено кога е во прашање рушењето на конкретните придобивки за Москва во минатото, како што е случајот со парадоксот на монополот што постоеше на руската нафта. Тоа е паноптикумот за согледување на корените на постојните немири кај источниот сосед, особено сега пред влезот на таа земја во еврозоната

December 4, 2025 11:23
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

 

Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ 

Kого треба да поддржат масовните протести во Софија и на други места во Бугарија? Дали се тие социјални по својата природа ако главна насока на буџетот е јакнење на социјалниот сектор (!) а цената треба да ја плати капиталот? Каква е заднината на масовното излегување на народот и удоволувањето на неговите барања (да се повлече буџетот од процедура) ако во исто време сме сведоци дека во заднината постои една силна антиевропска атмосфера преку која требаше да се брани „историската улога на левот“ а да се сопре во пет минути до дванаесет влезот на земјата во зоната на еврото како национална валута?

Сите термини се  добри против европските политики

Во целата таа мешаница – од формален аспект- победи потребата да се повлече буџетот од расправата иако тој акт треба да се донесе, како во сите парламентарни земји до крајот на месецов или треба да се оди во следните месеци со некаков привремен акт со кој практично остануваат во сила старите ставки, придобивки за некого и обврски за некој друг?!

Но од аспект на постојаната борба на претседателот Радев и неговите приврзаници за одбивање на клучните точки во политиките на Брисел во нивните земји, каде влегува и поддршката на НАТО во одбраната на Украина, што за еден јасно проруски политички лидер треба да се саботира на сите можни начини, па и преку отпорот кон европската валута.

Сопирањето на влезот на Бугарија во евро-зоната е еден од тие начини да се покаже љубовта кон старите времиња и пријателства. Нашите читатели секако не знаат дека претседателот Радев во почетокот на годината побара Парламентот да изгласа одлука со која народот на референдум треба да се изјасни дали го сака еврото или добар им е левот, иако таа опција секако ќе ги закомплицира односите со европските институции!

Претседателката на Парламентот, инаку  професорка по право Наталија Киселова го процени тој предлог за нешто што не соодветно на политичкиот наратив на новата пост-социјалистичка Бугарија и одби да го стави на дневен ред. Потоа Радев се жалеше на таа постапка на спикерот во Уставниот суд со конкретна претставка и долго си молчеше кога од таа институција не доби никаков одговор. И одговорот стигна токму во време кога започна расправата за буџетот (!) и беше поволна за него – Парламентот сепак требал да ја отвори расправата за референдумот! И што сега?

Очевидно постоела стратегија во тој – видлив и помалку видлив – проруски блок дека народот барем јавно не би застанал толку жестоко зад проекциите на Радев (иако со самиот факт дека тој добива мнозинство на претседателските избори значи дека гласачите очевидно стојат зад него) туку дека му треба некаков додатен „лут пипер“ кој би ги охрабрил да ја „зовријат“ улицата. Социјалната демагогија секогаш е добра „муниција“ (тоа ние го знаеме на пример низ користењето на условно незадоволните пензионери од страна на ВМРО ДПМНЕ) па затоа лесно се доби некаков шлагворт во кој лесно се вклопија старите калкулатори како што се политичарите во врвот  – Бојко Борисов и царот на медиумите Пеевски.

Жонглирање со улицата

Првиот е вистински жонглер. Создаден како дел од еден проевропски проект на Ангела Меркел кој требал да ја извлече Бугарија пред се од калта на криминалот, тој одамна покажа дека креирањето на матни ситуации му е токму негов фах а тука влегува и штрбавата борба токму против најголемите криминалци. Како што беше врвот на мафијата, познатиот Челото за кого Вашингтон десет години бараше да биде уапсен а кога тоа се случи веднаш му се дозволи да побегне од затворот!

Пеевски го држи монополот во јавното информирање и тоа го користи во изобилство. Само накусо да кажам дека кога во 2014 година на една тркалезна маса во Благоевград, во организација на Фридрих Еберт требаше да се говори за јавното информирање во двете земји, Македонија и Бугарија,  целата манифестација доцнеше барем половина ден (од двата дена колку што истата траеше) бидејќи говорниците од Софија не можеа да стигнат навреме.

Таму дознавме дека речиси цел месец траат протести во центарот на Софија – учесниците излегувале во централните улици после работното време и стоеле таму со часови. Кај нас за таа ситуација не се знаеше ама суштината е во тоа што не знаеја и многу Бугари. Имено, на ниту еден од 30-те бугарски телевизиски канали што можевме да ги гледаме во хотелот каде што боравевме за протестите вести имаше само во еден – Еуроњуз на бугарски јазик! Единствениот кој не беше под диригентска палка на Пеевски.

Каков вовед на темата за која тогаш се собравме.

Инаку Борисов, да се вратиме на него, цело време во последната криза играл на жица – не сакал да и повладее на масата ама искуството дека токму таа маса го поддржува во стабилно мнозинство на изборите, што сепак не е доволна да му овозможи да формира своја влада, но е доволна тој и неговите најблиски да ги уживаат привилегиите на властодршци, барала избалансиран пристап кон темата. Тој на пример минатата недела излезе пред протестантите и рече дека ги поддржува нивните барања и ќе бара повлекување на буџетот од парламентарната расправа. Повикан да им се придружи тој рече дека таа вечер во Лигата на шампионите настапува неговиот омилен тим Реал инаку би се симнал меѓу нив.

Удоволување на сите а најмногу на одолговлекувачите

Како модерен Пинокио, тој сепак му должи на својот Џепето а тоа се демохристијаните на Германија. Така следниот ден по фудбалскиот изговор му даде пас (да се задржиме на истиот „стадион“) на вицепремиерот Дончев, кој е негов сопартиец, да изјави дека Борисов само фигуративно стоел зад протестантите, бидејќи, парламентаризмот не дозволува вакви игри со планирањето на буџетот во последен час. И дојде нов ден кога Борисов сепак се одлучи да излезе од фигуративноста – рече ќе бараме да се повлече буџетот од расправа а кога тоа го прави партијата со најмногу пратеници јасно е дека министерот за финансии ќе извиси.

Формулацијата на лидерот на ГЕРБ е дека попушта поради протестот беше променета во изјава дека попуштањето е затоа што и онака не му се допаѓаат мерките. Борисов не сака да има данок на дивидендите, не се сака зголемување на придонесот од платите на вработените во пензионерскиот фонд и има низа на слични предвидувања во Предлог-буџетот. Ова е секако промена во буџетот ама зад таа солуција стои крупниот капитал! Дали протести на улицата се во корист на најбогатите сограѓани? Не може да се потврди според џагорот на присутните, велат упатените.

Ова што се случува во Софија е директен резултат на стратегијата на Москва чиј интерес е во земјата каде има свои неостварени цели да создаде немири. Колку се тие магловити по наративот – толку подобро. Постојните бранувања се токму такви – прашањето на опстанокот на левот, потоа некакви социјални барања, па одење во Парламентот кон удоволување на спротивните страни, оние на сопствениците на капиталот и синдикалците се навидум во решенијата што допрва треба да се предложат. Од кого? Се чини од – новата влада, решение за кое посакува да гласат мнозинството од партиите од десницата ама и оние од левицата, како Продолжуваме со промената на Петков?!

И така некој во Кремљ може да ги трие рацете.

Трите дефицити на Бугарија

Впрочем, во одличниот коментар за политичките прилики во својата земја новинарот Даниел Смилов му дава наслов – трите дефицити на Бугарија: буџет, демократија, гориво.

И понатаму образложува – Бугарија ризикува да влезе во еврозоната со три големи дефицити. Едниот е буџетски и се чини дека е најјасен. Вториот дефицит е про-европско мнозинство во парламентот: партиите кои тврдеа дека се проевропски и евроатлантски ориентирани секој ден докажуваат дека не се и воведуваат мерки кои се во суштина путинистички. Изговорот дека се обидуваме да му се додворуваме на Доналд Трамп со нив не ја поништува нивната антиевропска и антидемократска природа.

Третиот дефицит е за горива (по нормални цени). Може да се материјализира ако ситуацијата со Лукоил не се реши разумно. Овие три дефицити, кои беа јасно наведени во текот на неделата, ќе ја одредат политиката на земјата во наредните месеци“ – пишува Смилов.

По она што овој автор го објаснува неговата земја, односно владата на Жељазков има проблем со собирањето на пари за програмираниот дефицит за списокот на желби. За таа служат фондовите за инвестиции, што како и кај нас не се остваруваат, но се „дупка“ преку која се врши прелевањето (она што нашата министерка го објаснуваше како немање нови проекти заради снегови, студови и други изговори!). Вториот проблем е клиентелизмот на владата која ги финансира само своите општини од државниот буџет (колку само сличности имаме!), што е трн во окото за партијата Продолжуваме со промената, на пример.

„А всушност постои јасно изразено антиевропско и анти демократско мнозинство во парламентот. Сите партии освен ПП-ДБ и ГЕРБ всушност се изградија под свирката на Делјан Пеевски за да усвојат суштински путинистичка мерка“ – вели овој искусен новинар.

Каде и да се завртиш, „Лукоил“ ти боде очи

А каде е тука „Лукоил“? Па неизбежно е камен на сопнување, на видлив и невидлив начин. Имено, јасни се американските санкции и Рафинеријата во Бургас ја става Бугарија во иста „каша“ и српската со НИС. Преку буџетот Парламентот треба да усвои и пари за национализација на истата. Тука има проблем со она – ако Вашингтон се согласи со оваа метода. Понатаму – дали Москва ќе се согласи со парите што би ги дала Бугарија за оваа намена, бидејќи, тоа веројатно ќе биде предвидлива одлука. Оттаму, за да избегне долги и мачни влечења по судови на меѓународната сцена на руската надворешна политика и е најлесно да го лизне буџетот односно Владата на Жељазков па работите во самата Бугарија ќе се одолговлекуваат!

Последна вест од Софија

Народното собрание во Бугарија го отфрли барањето на претседателот Румен Радев за одржување референдум за тоа дали Бугарија треба да го усвои еврото во 2026 година.

Пратениците го отфрлија предлогот со 135 гласови „против“, 81 „за“ и три „воздржани“, откако седницата беше прекината неколку пати, објави Новините. Со ова заврши спорот што започна во мај, кога Радев неочекувано го поднесе референдумското прашање и покрај напредните подготовки за приклучување кон еврозоната на 1 јануари 2026 година.

Предлогот влезе во пленарна постапка по одлуката на Уставниот суд дека поранешната претседателка на Парламентот Наталија Киселова го прекршила Уставот со претходно блокирање на постапката.

Новата претседателка, Раџа Назаријан, овозможи продолжување на постапката и ја испрати иницијативата до комисиите.

Дебатата ја иницираше партијата Преродба, користејќи го правото да го стави предлогот на дневен ред. Седницата беше прекината неколку пати, бидејќи претседателската администрација не испрати претставник да го образложи барањето. По неколку паузи и без одговор од кабинетот на претседателот, Парламентот продолжи со расправа без учество на претседателот.

Опозиционите партии Преродба, Големина и МЕЧ го бранеа одржувањето на референдумот, тврдејќи дека граѓаните треба да го имаат последниот збор.

За време на расправата, пратениците од Преродба го истакнаа транспарентот „Референдум за левот, а не за еврото“, што претседателката на Парламентот нареди да се отстрани.

Во писмено образложение, Радев изјави дека усвојувањето на еврото бара широк јавен консензус и дека граѓаните треба да одлучуваат за прашања што влијаат на нивните финансии.

Неговиот предлог пристигна во пресрет на очекуваната позитивна оценка на Европската комисија за исполнувањето на условите за влез во еврозоната во 2026 година.


Специјално за ЦивилМедиа

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ