Путин вечерва им се обрати на Русите, првпат по бунтот во саботата организиран од страна на платеничката група „Вагнер“ и денешната 11-минутна аудио порака на шефот на групата Евгениј Пригожин, објави Вашингтон пост.
Тој во краткиот говор изјави дека на платениците од групата „Вагнер“ ќе им биде дозволено да заминат во Белорусија по нивниот бунт, велејќи дека мнозинството вагнеровци се „патриоти“ кои се докажале на бојното поле, но биле „охрабрени да се борат против своите сонародници.“
Со враќањето назад пред да стигнат до Москва, рече тој, платениците избегнале „понатамошно крвопролевање“ – но додаде дека „вооружениот бунт во секој случај ќе беше потиснат“.
Рускиот злосторник им порача на организаторите на бунтот дека ќе бидат изведени пред лицето на правдата и дека ова е криминална активност насочена кон слабеење на земјата“, додавајќи дека тие ја предале земјата. Тој не го спомна по име шефот на „Вагнер“, Пригожин, но јасно е дека тоа е насочено кон него.
⚡️Full video of Vladimir Putin’s address to the citizens of Russia pic.twitter.com/2QKyB2FB0q
— War Monitor (@WarMonitors) June 26, 2023
Г. Т.