Categories

ДНЕВНИК Сè оди според планот за одржување на референдумот

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски денеска оцени дека организацијата за спроведување на референдумот на 30 септември се одвиваа без проблеми и дека Комисијата се држи до зададените рокови.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје реагираше на веста што денеска ја објавија некои портали, а според која излезноста на референдумот ќе биде „катастрофално лоша“.

„Мисијата на ОБСЕ во Скопје е запознаена со неодамнешните написи во медиумите во кои се тврди дека ОБСЕ спровела анкета за претстојниот референдум. Мисијата нема спроведено таква анкета. Сите наводи кои го тврдат спротивното се неточни и не ја одразуваат работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје“, се наведува во демантот.

Во вторник доаѓа шефот на германската дипломатија Хајко Мас. Негов домаќин ќе биде македонскиот министер за надворешни Никола Димитров а на панел ќе се дискутира за Европскиот пат на земјава. Денеска во Охрид пак е германскиот министер за Европа Михаел Рот кој повика преку решението на спорот за името да се искористи шансата за интеграција во ЕУ и НАТО.

ЦИВИЛ – Центар за слобода го заокружи проектот „Патриотизам – ДА, национализам – НЕ!“, кој е со поддршка од програмата Цивика Мобилитас, имплементирана од МЦМС, а финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка. Целта на проектот е да придонесе кон намалување на деструктивните последици од национализмот и екстремизмот во општеството и да ја објасни разликата меѓу патриотизмот и национализмот. Проектот ги прикажува придобивките од јакнењето на соживотот, подобрување на односите со соседите и кон забрзување на евроатлантските интегративни процеси на Македонија.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email