Германија прифаќа се повеќе азиланти од Турција, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи, цитирани од весниците на медиумската група „Функе”.
Во јануари биле примени 410 молби од турски баратели на азил, што претставува 38,2 проценти, покажуваат податоците. Една година порано, процентот на одобрени молби бил 6,4 проценти, кој до јули пораснал на 22 проценти.
– Високиот процент покажува дека Турција ниту ги почитува законите, ниту е демократска, вели пратеничката од Левата партија Севим Дагделен, која има турско потекло.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган воведе вонредна состојба по обидот за државен удар во јули 2016 година. Околу 50.000 лица се уапсени, а 150.000 државни службеници се отпуштени или отстранети.
Европската унија ја обвинува Турција за кршење на човековите права и владеењето на правото, а Анкара ги отфрла ваквите обвинувања.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.