• Latest

Се утврдува причината за пожарот во Велес во кој загинаа три деца

June 21, 2018

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се утврдува причината за пожарот во Велес во кој загинаа три деца

June 21, 2018 12:33
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Велес заедно со екипа на СВР Велес денеска продолжија со истрагата на терен во остатоците од изгорената куќа кај велешкиот рид Вршник, каде загинаа три малолетни деца од четири, две години и единаесет месеци.

Од вчера теренот кај изгорената куќа го обезбедува велешката полиција.

Гордана Тодорова в.д. јавен обвинител од ОЈО Велес за МИА изјави дека јавен обвинител утрово заминал на увид на терен. Првиот увид по настанот, како што рече, завршил доцна синоќа.

– Ќе се врши подолго вештачење за да се утврдат причините за настанување на пожарот во кој животот го загубија три малолетни деца. Мислам дека денеска не ќе можеме да кажеме кои се причините за пожарот бидејќи очекувам вештачењето да трае подолго. Инаку денеска по наредба на ОЈО ќе биде извршена обдукција на телата на децата и нивна идентификација, бидејќи истите по пожарот се најдени јагленосани, појасни Тодорова.

Пожар Велес

Родителите на починатите дечиња, денеска се на распит во велешката полиција.

Според првичните сознанија на јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница. За тоа време од засега непознати причини избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата.

Како што објави синоќа ОЈО, надлежниот јавен обвинител од ОЈО Велес превзема дејствија за расчистување на околностите на настанот и за утврдување евентуална кривична одговорност.

Инаку, според информацијата за МИА од Територијалната Противпожарна единица од Велес, пожарот кај нив бил пријавен од граѓанин во 16:05 минути, по што тие со теренско возило за гасење со џип наменет за непристапен терен веднаш се упатиле кон на ридот Вршник во високиот дел на градот на ул.„Даре Џамбаз“ б.б.

Пожар Велес

Трошната куќа со една соба е на непристапен терен во долот на ридот Вршник, во шумата, оддалечена стотина метри од последните куќи.

– Кога стигнавме кровот на куќата беше паднат и ние гасевме, тука беа и родителите, а со нас цело време расчистуваше и таткото. Помисливме дека децата можеби успеале да избегаат од пожарот. Но по расчистувањето на паднатиот кровот во еден агол ги најдовме двете деца, на четири и две години, а под нив и единаесетмесечното бебе. Глетката беше страотна, бидејќи телата на децата беа целосно јагленосани, вели командирот  на велешката Противпожарна единица, Љупчо Лепидовски.

Семејството на четириесетгодишните Никола и Марина со четири деца било социјално загрозено и собирало пластични шишиња. Кога се случил пожарот, во куќата не бил нивниот поголем син Стефан, кој во тоа време собирал шишиња. Родителите заминале во продавница за да купат храна и притоа ги заклучиле децата. (МИА)

Tags: ВелесОЈОтрагедија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ