• Latest
Скриншот од порталот Тетовасот со скандалозното видео со пратеникот и кандидат за градоначалник на Бутел од ВМРО ДПМНЕ, Дарко Костовски

Се збогатува „политичкиот арсенал“, и бомбите станаа декор во кампањата за локалните избори

October 3, 2021
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Се збогатува „политичкиот арсенал“, и бомбите станаа декор во кампањата за локалните избори

October 3, 2021 22:34
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Скриншот од порталот Тетовасот со скандалозното видео со пратеникот и кандидат за градоначалник на Бутел од ВМРО ДПМНЕ, Дарко Костовски

Скриншот од порталот Тетовасот со скандалозното видео со пратеникот и кандидат за градоначалник на Бутел од ВМРО ДПМНЕ, Дарко Костовски

Share on FacebookShare on Twitter

На седмиот ден од официјалното започнување на кампањата за локалните избори, иако недела, неработен ден, кампањата продолжува со несмалено темпо. Фрлени бомби, прес конференции,обвинувања/ контраобвинувања, скандали, говор на омраза, митинзи и средби со граѓаните на кои се ветува блескава иднина за секоја општина. Ковид протоколите на собирите и понатаму, во најголем дел, не се почитуваат.

БОМБА ВО ДВОР НА КАНДИДАТ ЗА СОВЕТНИК

Во дворот на семејната куќа на Габриел Бајрам, претседател на Сојуз на Ромите во Македонија и кандидат за советник на Град Скопје од листата на СДСМ, синоќа , непознат сторител фрлил експлозивна направа.

На инцидентот , според кажувањето на Бајрам, му предходеле закани по живот доколку неговата партијата не се повлече од кампањата за локалните избори. 

ГОВОР НА ОМРАЗА

На социјалните медиуми и дел од порталите споделено е видео во кое кандидатот за градоначалник на Бутел и актуелен пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Дарко Костовски  како предводник на група на млади ги наведува да пеат и скандираат: „Клетите Шиптари” и „Чиста Македонија”.

Ова видео предизвика бурни реакции и негодување кај жителите на Општина Бутел, која важи за мултиетничка општина во која соживотот и разбирањето ги поврзуваат сите жители без разлика на нивната етничка или верска припадност.

Кандидатот за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, ги негираше обвинувањата, и за истите го обвини противкандидатот Смилевски, и неговите, како што ги нарече, „ бандитите на Велимир Смилевски“.

СКАНДАЛОТ ОКОЛУ ИЗВИДНИЧКИОТ КАМП ТЕМА НА ПАРТИСКИ ПРЕПУКУВАЊА

Во низата меѓусебни обвинувања, како повод влезе и скандалот со кампот на Првиот Скопски Извиднички Одред. Марија Митева  од ВМРО ДПМНЕ на прес конференција го обвини Шилегов дека го финансирал скандалозниот проект на Првиот Скопски Извиднички Одред, најмалку 2 години.СДСМ возврати дека ВМРО ДПМНЕ го злоупотребува немилиот настан и си поигрува со чувствата на загрозените родители и деца за ситни политички поени.

И МАРАТОНОТ ВО ПАРТИСКИТЕ АГЕНДИ

И 17 Скопски Wizzair маратонот искористен во кампањата за локалните избори. Дел од кандидатите од советничката листа за Центар од СДСМ, трчаа со брендирани маички за поддршка на нивниот кандидат за градоначалник, Горан Герасимовски.

Скриншот од Фб објава на дел од кандидатите за советници на СДСМ кои ќе трчаат на скопскиот маратон со партиски обележја

ПАРТИСКИ АКТИВНОСТИ

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И АЛТЕРНАТИВА 

Алијансата за Албанците и Алтернатива денеска во Тетово ја претстави програмата на нивниот кандидат за градоначалник на Тетово, Вулнет Мурсели.

ТВОЈА ПАРТИЈА

Твоја партија на прес конференција ја презентираше програмата на Александар Тортевски – кандидат за градоначалник за град Скопје и Агим Јонуз – носител на листа.

Од партијата, иронично изразија „задоволство што на денешната 5-та прес-конференција на ТВОЈА партија дојдоа претставници на дури три медиуми. Тоа е покачување на медиумската застапеност за 300% и веруваме дека овој позитивен тренд ќе продолжи и понатаму.“

ДУИ

Демократската унија за интеграција денеска ја претстави Изборната програма за општина Студеничани и  својот кандидат за градоначалник  во општина Студеничани, Ејуп Абази.

Тој пред граѓан(к)ите на општината истакна дека главните столбови на програмата за подобар квалитет на животот се подобрувањето на патната инфраструктура, грижата за водоводната и канализационата мрежа, подигнување на нивото на комуналната хигиена. Тој, исто така, ветуваше и поголем квалитет во областа на образованието, зајакнување на механизмите за поголема здравствена и социјална благосостојба, како и многу други различни области.

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

Зелен Хуман Град (ЗХГ), на заедничка прес-конференција на ЗХГ со носителката на листата, Драгана Велковска и независната кандидатка за градоначалничка, Ана Петровска, , ја претставија Програмата со која настапуваат на овие локални избори, за градоначалник на Град Скопје

ДОМ/ЛДП

Движењето „Одлучно за промени“, предводено од  ДОМ и ЛДП, денеска меѓу граѓаните на Ѓорче Петров ги претстави  кандидатите за градоначалник на Град Скопје Арбен Бени Шакири и кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров Љупчо Јаневски.

Вечерва во Кичево, од движењето „Одлучно за промени“ ја промовираа советничката листа на Дом и ЛДП . На собирот , пред граѓан(к)ите се обратија носителот на листата Игор Стојановски и лидерите на ДОМ, Маја Морачанин и  на ЛДП, Горан Милевски.

СДСМ 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кандидатот за градоначалник за Брвеница, Мирко Стојановски и носителката на кандидатската листа, Светлана Стаматовска, денеска го презентираа пред жителите „Најдоброто во Брвеница“.

Зоран Заев беше и во тетовско Желино, со носителот на советничката листа, Суад Мурати и Марко Михајловски од СДММ, ветија нова детска градинка и чистење на депониите. Караванот „Најдоброто за мојата општина“ вечерва заврши со централниот митинг на плоштадот од Тетово.

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродорм, денеска засади дрвја во Долно Лисиче, ветувајќи дека за време на неговиот мандат, ќе засадат 5.000 нови садници. Најави и подобрување на основната инфраструктура и субвенции за набавка на печки за греење на еколошки горива. Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на општина Центар, вети инвестиции во спортот. Kандидатот на СДСМ за градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски, се сретна со жителите Страчинци, Синѓелиќ и Инџиково.

Вечерва кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски, придружуван од потпретседателон на СДСМ, Венко Филипче, на митинг пред граѓаните на Ѓорче Петров истакна дека во новата Програма за следните четири години има над 200 нови проекти за секое населено место, за секое маало, проекти што ќе влијаат на унапредување на квалитетот на живот во општината

ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски, ја претставија програмата пред кумановчани. На митингот во Куманово, Мицкоски рече дека е убеден дека ќе победи Тони Михајловски.

На вечерашниот митинг во Карпош, Христијан Мицкоски го претстави Оливер Зафировски, кандидат за градончалник на ВМРО-ДПМНЕ, кој пред карпошани вети нов пензионерски дом, нови гаражи, и ревитализација на спортската сала Партизан.

Кандидатот за градончалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Создади нова иднина“, Орце Ѓорѓиевски и носителот на советничката листа Иван Живковски, вечерва на митинг во Кисела Вода, пред граѓаните ја претставија својата програма „Создади нова иднина“ за Кисела Вода – нова поликлиника во Расадник, 3.200 паркинг места и 70 хектари паркови.

На крајот на митингот во Кисела Вода се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, кој со омаловажување и лични дискридитации кон политичките противници, ги повтори истите заложби и личните уверувања за победа на локалните избори и за ново парламентарно мнозинство, како и на претходните митинзи на ВМРО ДПМНЕ одржани денеска.

ВМРО ДПМНЕ на претстојните локални избори во Дебар ќе настапи со своја советничка листа, додека за градоначалник ќе го поддржи кандидатот предложен од Алијансата за Албанците, Беким Поцеста.

Kандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, во денешната изјава истакна дека доколку ја добие довербата на бутелчани, општината ќе добие нова поликлиника, нова полициска станица, противпожарен пункт, уредување на кејот на река Серава, нов плоштад, две нови градинки и многу повеќе за сите граѓани.

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, подржана од ВМРО ДПМНЕ, Данела Арсовска, на денешната прес конференција вети 5 нови паркови, во Гази Баба, Чаир, Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров по примерот на градскиот парк, како дел од нејзината зелена програма. Арсовска во текот на денот беше во Никиштани, Чаир и Кисела Вода.

ГРОМ

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски денеска најави дека во најскоро  време по победата на локалните избори општинската администрација ќе биде префрлена во новата општинска зграда, со што граѓаните ќе добијат побрзи и поквалитетни услуги.

ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО МОНИТОРИНГОТ НА ЦИВИЛ

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат изборни нерегуларности, притисоци и закани, корупција на Граѓанската пријава и да не подлегнуваат на дезинформациите и говорот на омраза.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности.

ЦИВИЛ континуирано  ги повикува сите политички партии да се придржуваат кон Изборниот законик и добрите изборни практики. Изборниот законик има голем број слабости и не секогаш тоа што е дозволено со законот е и етички исправно.

Д.Мишев

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ