• Latest

Седум земји-членки: Време е за повеќе мнозинско одлучување во надворешната политика на ЕУ, а не со консензус

June 12, 2023
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Седум земји-членки: Време е за повеќе мнозинско одлучување во надворешната политика на ЕУ, а не со консензус

June 12, 2023 20:06
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Шефовите на дипломатии на седум земји членки на ЕУ предлагаат поголема употреба на квалификуваното мнозинство при носење одлуки поврзани со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

Како што објави бриселскиот портал „Политико“, во иницијативата зад која стојат министрите за надворешни работи на Белгија, Хаџа Лабиб, на Германија, Аналена Бербок, на Луксембург, Жан Аселборн, на Романија, Богдан Ауреску, на Словенија, Тања Фајон, на Холандија, Вопке Хекстра и на Шпанија, Хозе Мануел Албарес Буено, се наведува дека предлагаат прагматичен пристап кој се фокусира само на прашањата за надворешната и безбедносната политика на ЕУ и користи одредби веќе вградени во Договорот за Европската унија, со цел да се овозможи пофлексибилен начин на одлучување што би бил во интерес на сите.

Сакаме да ги надминеме старите линии на поделба меѓу оние кои се за мнозинско одлучување и оние кои се против тоа. Ние не се залагаме за промена на договорите, ниту пак поттикнуваме академска дебата, се посочува во предлогот.

Министрите предлагаат поголема употреба на принципот на „конструктивна воздржаност“, односно одлуките да не се носат со консензус, туку земја која не се согласува со одреден предлог да не гласа против со цел да се овозможи негово усвојување.

Советот на министри за општи и европски прашања на Европска Унија на денешниот состанок ќе ја разгледа новата методологија на проширување.

Земјите членки веќе почнаа да ја користат оваа едноставна, но многу ефикасна опција, која дозволува донесување на одлука, со тоа што една земја нема да гласа „против“ неа и нема да ги блокира другите 26 членки да продолжат напред. Колку ефикасна може да бидат „конструктивната воздржаност“ видовме минатиот октомври, кога Советот за надворешни работи гласаше за новата Мисија на ЕУ за обука на украинската војска. Сакаме да го надградиме овој тренд и се обврзуваме систематски да ги испитаме нашите сопствени позиции со цел да се префрлиме од гласање „против“ на „конструктивно воздржување“, се додава во предлогот.

Седуммината министри предлагаат ваквото одлучување да се стави на „практичен тест“ за одлуки поврзани со одредени области од надворешната политика на ЕУ, за кои врз основа на член 31 од Договорот на Европската Унија, може да се решава со квалификувано мнозинство.

Ако, на пример, Советот едногласно одлучи да формира цивилна мисија на ЕУ, за оперативните услови на таа мисија би можело да одлучува квалификувано мнозинство. Слично, гласање со квалификувано мнозинство би можеле да примениме и кога одлучуваме врз основа на заедничките позиции на ЕУ на меѓународните форуми за човекови права, наведуваат министрите.

Дополнително, тие предлагаат ваквиот начинот на решавање да се користи за одлуки кои не е потребно формално гласање, но сепак во пракса се применува консензусот.

Попладнево амбасадорите на земјите членки во ЕУ по брза постапка го одобрија предлогот да се деблокираат 37 милијарди евра помош за справување со последиците од пандемијата на коронавирусот.

Кога високиот претставник дава јавна изјава во име на ЕУ, на пример, текстот може да се договори со одлука на Советот со квалификувано мнозинство. Ова ќе го забрза начинот на кој комуницираме и ќе го направи нашиот европски глас посилен, сметаат предлагачите.

Тие воедно предлагаат за одредени области на надворешната политика Советот на ЕУ наместо едногласно да одлучува со квалификувано мнозинство согласно стандардната процедура предвидена со членот 31 од Договорот на ЕУ.

Соочени со руската агресивна војна во Украина, Европската унија ја докажа својата способност да дејствува. Тоа го направи со тоа што застана зад Украина дипломатски, финансиски и воено, со намалување на нејзината енергетска зависност од Русија, како и нудејќи им на Украина и на Република Молдавија, јасна перспектива за членство во ЕУ. Додека гледаме кон иднината, оваа способност за преземање брза и решителна акција ќе остане клучна за улогата на ЕУ како надворешно-политички актер подготвен да ги поддржува вредностите и интересите на своите граѓани во сè понеизвесна глобална арена, се наведува во иницијативата.

Според предлагачите, потребна е Европска унија која дава цврсти и опипливи резултати, па затоа е потребно подобрување на нејзиниот капацитет за дејствување во време на криза.

И како што ЕУ се проширува, успешната европска интеграција бара нејзините институции да функционираат ефикасно. Меѓутоа, во минатото, таквата брза и решителна акција на ЕУ не беше секогаш дадена. Огромното мнозинство на одлуки во надворешната политика на ЕУ бараат едногласност – што, во некои случаи, може да ја забави нашата способност да дејствуваме, се додава во предлогот.

Европската унија покажува единство во својот пристап кон олеснување на дијалогот меѓу Косово и Србија, и покрај контрадикторните изјави за опциите и компромисите кои страните може да ги права

Министрите посочуваат дека се свесни оти некои земји членки изразуваат загриженост поради користењето на гласањето со квалификувано мнозинство во надворешната политика на ЕУ и сериозно ја сфаќаат таквата загриженост.

За нас, барањето консензус е и ќе остане, во срцето на нашата европска ДНК, бидејќи гледањето на светот од различни агли и отвореноста за конструктивен компромис претставува предност. Така, ќе дадеме се од себе за да ја прифатиме загриженоста на сите земји членки на ЕУ, за да обезбедиме усвојување на најдобри можни одлуки за нашите колективни интереси. Ќе работиме на понатамошно зајакнување на соработката во духот на взаемна доверба во ЕУ, се наведува во документот.

Предлагачите на оваа иницијатива наведуваат дека секоја од земјите членки ќе може да се повика на правото на блокирање на некоја одлука поради витални причини поврзани со националната политика, како што е предвидено со член 31 од Договорот на ЕУ

Во овие тешки времиња, ние се залагаме за ЕУ која е способен, ефикасен и одлучувачки актер, кој ги штити слободата, безбедноста и просперитетот на своите граѓани. ЕУ секогаш успевала да оди напред во предизвикувачки моменти. Сега, уште еднаш, е време да се дејствува, се заклучува во предлогот.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: гласањеЕУмнозинствоодлукипредлогседум членки
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ