• Latest
Стевче Дечев

Сеење магла или изгубени во маглата!

July 20, 2021
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Зеленски: Русија мора да биде повикана на одговорност, светот мора да изврши притисок за крај на војната

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Сеење магла или изгубени во маглата!

Лекција бр.1

July 20, 2021 08:00
in ЗЕЛЕНИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Стевче Дечев

Стевче Дечев

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: СТЕВЧЕ ДЕЧЕВ

Некои луѓе од дрвјата не ја видоа шумата, други од маглата го изгубија патот.

Минатата недела наидов на нов слоган кој коалиција на две политички партии го промовираше за нивниот претстоен настап на локалните избори, кога и тие да се случат. Првенствено ми беше смешно да слушнам таков слоган „Излези од маглата”, пред сѐ, поради тоа што тие две партии се составен дел на владината коалиција од чија што магла наводно сакаат да излезат или пак станува збор за нивно „продавање магла” зашто друг покреативен слоган не им текнал.

Постои една анегдота која вели: кај нас политичките партии се делат на леви и десни во зависност од тоа која страна од мозокот не им работи. Претпоставувам дека коалицијата „Магла” сакајќи да покаже дека ѝ работат двете страни од мозокот решила да прави Граѓанско движење на центарот за да се држи до двете страни. Согласно вториот, неспоив, а навидум и смешен момент е дека две лево ориентирани политички партии за изборите ќе правеле Граѓанско движење на центарот.

Значи, две политички партии регистрирани согласно Законот за политички партии ќе глумат граѓанско движење. Чуму ова? Пологично ќе беше граѓани поединци или невладини организации да формираат граѓанско движење. Но политички партии да сакаат да бидат граѓанско движење сведочи дека или партиите останале без членство и општински организации и сакаат да се самораспуштат или навистина партииве се во збунка (кажано на велешки).

Да појаснам! Граѓанското општество не се однесува на приватната сфера на семејството, а во рамките на јавната сфера, граѓанските организации и движења се разликуваат од политичките партии поради тоа што не настојуваат да ја освојат (со исклучоци кога општеството се бори за политички промени во авторитарни режими), задржат и да партиципираат во власта, туку преку надворешен притисок влијаат врз истата, за остварување на предвидените цели. Оттука, граѓанското општество се јавува како посредник помеѓу граѓаните како индивидуи и политичките и административните структури на државата, став за кој пишува и големиот филозоф Хегел.

Во рамките на политичката улога која ја играат, организациите на граѓанското општество претставуваат противтежа на државите и корпоративната моќ, а со тоа се есенцијален столб кој промовира транспарентност, отчетност и други аспекти на она што се нарекува „добро владеење“.

Граѓанското општество и граѓанските движења ја претставува „моќта на граѓаните“ делувајќи во насока на решавање на одредени барања на граѓаните, зајакнувајќи ги демократските капацитети во општествата.

Си спомнувам дека на стратешко планирање минатата година пред едниот од политичките субјекти ја промовирав идејата за Граѓанска – зелена листа, што би значело едно место на листите за граѓанските организации, едно место за политичките партии. Но не претопување и не глумење нешто што некој не е! Туку, јасно поделување и разбирање на нештата со јасно наведени нешта во меморандум. Но изгледа партииве не ја сфатиле суштината или пак некој друг „што им солел памет“ и во буквална смисла ја применил народната „Видела жабата го потковуваат коњот, па и она кренала нога“.

Или толкувано, за да ја разберат поговорката, политичкава коалиција „Магла” мора да сфати дека, ако сака да го примени црногорското сценарио каде Građanski pokret URA успеа да формира влада, прво мора да разбере дека URA не е граѓанско движење туку име на политичка партија. Значи граѓани и организации кои формираа политичка партија. Значи, политичкиве партии од коалицијата „Магла” мора да сфатат дека тие веќе се политички партии и слободно може да се борат да ја освојат власта, локална или национална. Ако сакале да бидат граѓанско движење, тогаш би требало да престанат да бидат или да глумат и политички партии.

За ова што го говорам да можат да го разберат, еве сликовито, ќе објаснам и споделам неколку примери и од науката и секојдневието. На пример, Георг Фридрих Хегел за граѓанското општество ќе запише дека е посредник помеѓу граѓаните како индивидуи од една страна, и политичките власти и институции на државата од друга.

Алексис де Токвил за граѓанското општество и граѓанските движења ќе запише дека ја играат улогата на перманентна врска помеѓу политичката власт и индивидуалните граѓани. Тој предупредува на опасноста од бирократизација во услови кога граѓанското општество би се приклонило кон политичката власт на самата држава.

Гледиштето на Алан Турен е дека политичките партии ги остваруваат интересите на граѓанското општество во рамките на политичката сфера, со потенцијална можност, преку освојување на власта, да управуваат со државата, а граѓанското општество е јавната сфера. Според ова гледиште, граѓанското општество е сфера чија функција е да обезбеди амбиент во кој би функционирал концепт на јавност која се грижи за општото добро и го замислува како арена во која се разменуваат информации за најразлични општествени теми во атмосфера на ненасилство, рамноправност и демократска партиципација, со цел создавање подемократско и послободно општествено опкружување. За сметка на политиката и државата, за кои се претпоставува дека сами по себе се одраз на демократскиот капацитет на едно општество, поголем акцент се става на граѓанското општество како социјален сегмент задолжен за подобрување на демократските капацитети на општеството во целина.

Во нашиот Закон за политички партии во членот 2 се вели: „Политичката партија е доброволна организација на граѓани, формирана за остварување и заштита на политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања и заради учество во процесот на донесување на политички одлуки при учество во власта. Политичките партии своите цели ги остваруваат преку демократско формирање и изразување на политичката волја со учество на избори, како и на друг демократски начин.“

Додека, граѓанското општество ја претставува сферата на доброволно здружување и неформално или формално поврзување, во која поединците или групите се ангажираат во вршење активности од јавен интерес. И затоа се тој коректор на секоја власт. Во делот на јавната сфера, граѓанското општество се разликува од државата и власта (политичката сфера) во фактот што се темели исклучиво на доброволна основа, а не на механизмите на легитимна принуда обезбедена преку институции. Исто така, граѓанското општество се разликува од економската сфера, поради тоа што е непрофитно ориентирано, односно се залага за остварување на општи добра и вредности, а не за материјална заработка.

Во современото дефинирање, терминот граѓанско општество уште се среќава како трет сектор, цивилно општество, граѓанско содружништво, „посреднички сектор“, невладин сектор, независен сектор, доброволен сектор, добротворен сектор, сектор ослободен од даноци или во меѓународната терминологија: civil society (eng.), economie sociale или société civile (fr.), bürgerliche Gesellschaft (ger.) società civile (it.).

Многу од современите граѓански организации се насочени кон конкретни прашања, како на пример: правата на жената, малцинските и човекови права воопшто, социјалните нееднаквости и нивното надминување, функционирање на правниот систем, заштита на животната средина и во своето делување од структурите на официјалните власти.

За Лари Дајмонд граѓанското општество е: „Сферата на организиран општествен живот кој е отворен, доброволен, самосоздавачки, барем делумно самоодржлив, автономен од државата, втемелен во правниот поредок или збирот на колективни правила и норми.“ Според последното гледиште, од граѓанското општество се исклучени групите кои се формирани со цел да ја дестабилизираат државата.

На крајот на овој дел, накратко ќе се задржиме на улогата на граѓанското општество во рамките на современите демократии. Во оваа смисла може да се разликуваат два пристапи – либерален и радикален. Според либералниот модел или пристап, граѓанското општество го претставува општествениот простор во кој граѓаните се здружуваат и дејствуваат во сопствени организации и движења во кои ги изразуваат сопствените интереси, растоварени од влијанието на политиката.

Во рамките на радикалниот модел, граѓанското општество најчесто делува преку граѓанско движење како извор на отпор во однос на апсолутна, опресивна или тоталитарна власт, при што, за разлика од либералниот модел каде се оди кон соработка, во овој модел граѓанскиот сектор многу често делува во насока на промена на политички режими, па дури и на цели општествени системи.

Пример за делување во оваа насока се масовните граѓански движења кои се појавија во Централна и Источна Европа во 1990-те години, а кои делуваа за трансформација на тоталитарните еднопартиски комунистички системи во демократски плуралистички општества. Сличен е и примерот со различните движења и активности на граѓанскиот сектор поврзани со т.н. Арапска пролет, која започна во 2010 година, а истата придонесе значаен дел од државите во арапскиот свет да се реформираат со смена на традиционалните автократски режими во обид за демократизација на тамошните општествата.

Основната цел на граѓанското општество и граѓанските движења е агрегација на интересите на различните невладини организации и здруженија, кои, пак, од своја страна ја претставуваат волјата на граѓаните. Истовремено, граѓанскиот сектор ги претставува индивидуалците и групите во едно општество, кои не се дел од политичките структури во државата и се независни.

За крај на оваа прва лекција би рекол, НВО-и и политиката се поврзани двонасочно. Од една страна, различните организации нужно се упатени на политиката, бидејќи ја споделуваат јавната сфера и потребата од заштита и унапредување на јавниот интерес, но, од друга страна, опасноста од политизација може да ја намали или потисне автономијата во дејствувањето на различните НВО-и.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ