• Latest
Добро утро со Орданоски

Сега е време за сочувство, не за партиско „лешинарење“

September 10, 2021

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Сега е време за сочувство, не за партиско „лешинарење“

За какво незнаење, утрото по ноќта на пожарот, на „првичните индиции“ и „бројот на жртви“ говори опозицијата?! Би било крајно несериозно и неодговорно од државата за тоа официјално да се излегува во јавноста без точното утврдување на тие податоци, иако и ние, новинарите, и нашите медиуми се „бориме“ за секој детал повеќе (макар и со добро втемелени шпекулации!) што може да „осветли“ некој аспект од настанот, „заслепени“ од силината на огнот на местото на настанот

September 10, 2021 07:08
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Трагедијата со тетовската ковид-болница повторно на површина го вади најлошото од партиско-политичката понуда во државава. Уште пепелта во Тетово не е изладена, а македонската опозиција го вклучи пропагандниот апарат за ширење шпекулации, обвинувања, прозивки, притисоци и барање одговорност! Замислете, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ издадено 12 часа по несреќата, се вели дека „не се знаат првичните индиции, ниту пак бројот на жртви“, а Заев и Филипче „се криеле“ од јавноста…

За овој вид на трагедии, секоја сериозна држава се однесува токму онака како што тоа го направи оваа власт до 12-тиот час од несреќата: во Тетово, уште пожарот и неизгасен, на местото на настанот се „нацрта“ половина Влада, на чело со Заев и Филипче; до полноќ веќе беше формиран Кризен штаб за одговор на трагедијата; градоначалничката Арифи даде коректна изјава за медиумите дека вечерта нема да има никакви официјални изјави за деталите од трагедијата (бидејќи тие, во тој момент, и не се знаеја!) и дека за тоа се задолжени надлежните институции (Обвинителство итн.) кои ја водат истрагата; и прозваните Заев и Филипче уште вечерта, со одбрани зборови, изразија јавно сочувство и оценки за димензиите на трагедијата; следното утро Владата и Советот на град Тетово одржаа вонредни и итни седници, од кои следуваа соодветни соопштенија…

Ноќта на инцидентот во Тетово и самиот бев сведок на ужасните димензии на трагедијата: ковид-болницата пеплосана до темел, иако противпожарните служби реагирале за рекордни 3,5 минути по првиот добиен повик за пожарот, што го изгасија за 40-тина минути по избувнувањето. Помош испратила и Противпожарната бригада од Скопје, иако тетовските пожарникари сами се справиле со големиот предизвик. Бројни амбулантни возила цела ноќ на линија Тетово-Скопје ги транспортираа телата на загинатите за обдукции во Скопје, бидејќи сите спасени од пожарот беа згрижени во Тетовската болница… Морничаво.

За какво незнаење, утрото по ноќта на пожарот, на „првичните индиции“ и „бројот на жртви“ говори опозицијата?! Би било крајно несериозно и неодговорно од државата за тоа официјално да се излегува во јавноста без точното утврдување на тие податоци, иако и ние, новинарите, и нашите медиуми се „бориме“ за секој детаљ повеќе (макар и со добро втемелени шпекулации!) што може да „осветли“ некој аспект од настанот, „заслепени“ од силината на огнот на местото на настанот. Впрочем, додека го пишувам овој текст, излегуваат уточнетите официјални бројки на загинатите, а за втемелени индиции за пожарот ќе мора да причекаме, бидејќи државата не е „социјален медиум“ за да поттикнува или реагира и на сите налудничави претпоставки и глупости што се „тркалаат“ на Фејсбук и Твитер.

Проектот за константно поткопување на кредибилитетот на државата од страна на овие кои, аматерски, во Битола направија дури и паралелна прослава на 30-годишниот јубилеј од 8-ми Септември – белки за да може и Мицкоски некаде да одржи говор – изгледа особено дегутантно, кога се вакви трагедии во прашање. Сите сме заинтересирани да дознаеме што точно се случило, а за одговорноста – кој, кога, што, зошто – дополнително ќе се расправа и во јавноста и меѓу партиите и во самата власт. Тогаш, ако има причини за тоа, се очекува од опозицијата да повикува на оставки и морално-политички или кривични реперкусии. Тоа им е, тогаш, работа.

Ова, вака како што го прават – се извинувам – наликува на партиско „лешинарење“, во јавноста ја поттикнува атмосферата на „судијата за бесење Рој Бин“ од Дивиот Запад, кој шета наоколу со ортома на рамо и бара дрво на кое ќе оптегне некој дежурен „Педро“.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ