• Latest

Секој што направил тест за антитела, мора да направи тест и за присутност на коронавирусот

April 2, 2020

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Секој што направил тест за антитела, мора да направи тест и за присутност на коронавирусот

April 2, 2020 17:47
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Сите јавно-здравствени установи се придржуваат до препораките за третман на итни и неодложни пациенти, вклучувајќи ги и оние со малигни заболувања. Во болниците има наредба според која, мора да постојат делови (амбуланти, патеки на движење) за овие пацинети. Притоа, на ниту еден пациент не му е скратена услугата, во ниту една здравствена установа, рече попладнево министерот за здравство, Венко Филипче.

Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, Филипче напомена дека сите случаи на коронавирус дијагностицирани во изминатиот период се должат на локална трансмисија. Тоа е начинот на пренос на сите случаи утврдени насекаде низ државата.

Во однос на времето од тестирањето до добивањето на резултатот, министерот појасни дека постапката обично трае 24 часа. – Ако се зема примерок во текот на денот, се анализира или вечерта или следниот ден. Тој процес трае 24 часа, а подразбира собирање, подготовка и изработка на земените материјали пред да се направи тестот во лабораторија, истакна Филипче.

Според него, секој што направил тест за антитела, мора да направи тест и за присутност на вирусот (антигенот) за да се знае дали е болен и дали може да ја шири зарзата. Стручно мислење на Комисијата за заразни болести е дека асимптоматските луѓе нема потреба да се тестираат.

Министерот Филипче нема информација, како што напомена, дека кај пациентка кај која е индицирана хоспитализација, тоа не е спроведено.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ