• Latest

Секулоски: СОНК со прст не мрдна против „заменските наставници“, а поминаа осум години

April 19, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Секулоски: СОНК со прст не мрдна против „заменските наставници“, а поминаа осум години

April 19, 2022 11:55
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јас ги разбирам колегите коишто бараат повисоки плати, со инфлацијата на светско ниво, нашите плати стануваат помалку вредни, а стандардот понизок, но не го разбирам раководството на СОНК, вели за  ФРОНТЛАЈН Влатко Секулоски од Прогресивен синдикат на образованието.

Тој истакнува дека одлуката за генерален штрајк на СОНК била донесена во потесен круг на раководството и вели дека е нејасно дали демократијата во СОНК е редовна пракса или алатка зад која се затскрива раководството.

„Одлуката за генерален штрајк беше донесена во потесен круг на раководството, не знам кое тело и во колкав состав, но секој еден член не беше прашан дали е за штрајк. После „усната“ понуда од владата, раководството на СОНК реши да го праша секој еден штрјкуваш дали ја прифаќа понудата. Останува нејасно дали демократијата во СОНК е редовна пракса или алатка зад која се затскрива раководството?“, вели Секулоски.

Околу транспарентноста на СОНК со членовите, Секулоски го поставува прашањето дали тајноста на трошењата создава вистински синдикализам или елити кои си служат првенствено самите себе.

„Не можам да ја заобиколам мојата омилена тема – транспарентноста. Секој еден член што беше прашан за тоа дали 10% е доволно зголемување на неговата плата не знае колку од таа иста плата СОНК исплаќа за плати, службени ручеци и патувања на раководството и хонорари на регионалните претставници. Тоа е сепак тема за разговор меѓу членовите и раководството на СОНК, јас можам само да опсервирам. Во поширок контекст прашање е дали тајноста на трошењата создава вистински синдикализам или елити кои си служат првенствено самите себе, ова прашање е посебно валидно ако се има предвид начинот на кој што се изведе последниот реизбор на раководството на СОНК, за којшто нема да елаборирам во детали“, истакнува Секуловски.

Секуловски вели дека СОНК иако поминале осум години, и сите правни служби со прст не мрднале да ги оспорат „заменски наставници“.

„Во контекст на штрајкот не може да се заобиколи и темата за заменски наставници. За нејзиното донесување и неукинување може да покажуваме со прст кон повеќе политички гарнитури, но да ја видиме улогата на СОНК. Во времето кога се воведоа тн. „заменски наставници“. СОНК не се сеќавам дека истото ова раководство на СОНК мрдна со прст против „заменските наставници“. Поминаа повеќе од осум години и СОНК со сите свои правни служби не ни проба да ги оспори „заменските наставници“ пред уставниот суд,. Зошто постојат само „заменски наставници“, а не и заменски пожарникари, полицајци, лекари, административци…? – Прашајте во СОНК!“, дециден е Секулоски.

Тој потенцира дека барањата за повисоки плата се легитимно право, одбивањето на понудените 10% е исто така легитимно право на просветните работници.

Дали едно раководство со тајни примања и пракси на реизбор коишто се менуваат по потреба може да биде легитимно и да води штајрк во интерес на просветните работници, наместо во купување на уште еден мандат на тајни трошења, јас не сум убеден, вели во разговорот со Фронтлајн, Влатко Секулоски од Прогресивен синдикат на образованието.

Ј. Ѓорѓиоски/ ФРОНТЛАЈН

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ