• Latest

Селмани: Кировски покажа дека има двојни аршини

October 17, 2018
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Селмани: Кировски покажа дека има двојни аршини

October 17, 2018 14:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Селмани: Сакам во името на ЗНМ најостро да ја осудам практиката на забранување на било какви коментари на новинарите на ТВ Телма од директорот и главниот уредник Атанас Кировски. Убедени сме дека ваква општа , арбитрарна и селективна забрана на било какви коментари на новинарите на социјалните мрежи за наводно зачувување на неутралноста на телевизијата претставува кршење на слободата на говорот што во Македонија е загарантирана со Уставот, а и со меѓународните документи.

За нас ова е еклатантен пример на цензура којашто има намера да поттикне самоцензура кај новинарите и на некој начин да влијае на начинот на нивното известување во телевизијата, а не само на пишувањето на социјалните мрежи.

Ограничувањето на правото новинарите да коментираат на социјалните мрежи во светските медиуми во слободните земји, се практикува во јавните сервиси каде што повеќе се води сметка да бидат неутрални кон политичките актери. Меѓутоа тоа е дефинирано, напишано и објавено и тоа важи селективно за сите и во тие документи јасно е објаснето во кои случаи важи тоа ограничување.

Господинот Кировски, им забранува на новинарите да коментираат, а тој самиот коментира. Тоа покажува дека има двојни аршини. Не може стандардите да важат за новинарите, а за него  да не важат. Ако веќе сака да воведува некои правила. Не може тоа да важи генерално, мора да се појасни во тие правилници ако телевизијата веќе сака да воведе таква пракса. Мора да ги напише, прецизира и објави за да ние знаеме на што сме кога гледаме ТВ Телма.

Новинарите од Телма пред да бидат вработени треба да знаат кои се правилата на игра во Телма. Не можете отпосле да им кажувате на луѓето што смеат, а што не смеат. Ако треба тие правила ќе се стават и во работните договори. Ако новинарите прифаќаат такви ограничувања, во ред, ако не има имаат право на избор.

Ваквиот начин на кој се обидува да се воведат некои стандарди на однесување на новинарите апсолутно е неприфатливо и не може да придонесе за некој неутралност на новинарите и за зачувување на угледот на телевизијата пред јавноста.

Јас искрено не верувам како новинар во таа неутралност. Новинарите треба да имаат став, но прашањето е какви аргументи имаат да ги застапуваат тие ставови. Ние не сме само држачи на микрофони и пренесувачи на мислењата на политичките актери. Прашањето е кои се нашите аргументи за да ги поткрепиме тие ставови. Во спротивно новинарството ќе стане безлична професија. Ако ние немаме став, тогаш што кажуваме?

Затоа мислам дека ваквото однесување на Кировски не е зачувување на интегритетот и неутралноста на телевизијата туку праќа јасна порака дека новинарите треба да се прилагодат на неговиот вкус на поимање на новинарството. Всушност тоа е воведување на некој вид на цензура и самоцензура.

Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Биљана Јордановска

 

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Tags: Александар КировскиНасер Селманицензура
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ