• Latest

Серија јавни настани на ЦИВИЛ посветени на критични состојби и процеси во земјата

May 14, 2021

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Серија јавни настани на ЦИВИЛ посветени на критични состојби и процеси во земјата

May 14, 2021 12:30
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

И овој месец, ЦИВИЛ има богата и набиена агенда. Меѓу бројните активности, покрај веќе одржаните, ЦИВИЛ организира и пет дебати до крајот на месец мај.

Четири панел дискусии ќе се одржат во рамки на проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.

Проектот обединува повеќе компоненти од кои едната носи наслов „Од декларации до реалност, учество во креирањето на политиките и промоција на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата. Дел од активностите во таа компонента се однесуваат имплементацијата на стратегијата „Едно општество за сите“.

Еве го планот:

Следната дебата на ЦИВИЛ е предвидена да се одржи веќе на 18 мај (вторник), а збор ќе стане за меѓуетничките односи во општествен и политички контекст.

Понатаму, на 20 мај (четврток) ќе се одржи и панел дискусија на тема мултикултурализмот и европските вредности во медиумите.

ЦИВИЛ ќе одржи панел дискусија и на 26 мај (среда), на која учесниците ќе дебатираат на тема мултикултурното општество од Охридскиот рамковен договор до денес.

Во агендата на ЦИВИЛ во проектот „Европски перспективи“ е и вечерна онлајн панел дискусија за  начинот на справување на општеството со дезинформациите и хибридните закани, каде што ќе биде опфатен и аспектот на руското влијание во медиумите и општеството.

ЦИВИЛ во март ја започна Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“, во која се вклучени повеќе фази и сегменти на промовирањето на различностите како исклучително драгоцена општествена вредност на ова наше мултикултурно поднебје. Како дел од оваа Иницијатива се планираат и панел дискусии и други јавни настани.

Така, ЦИВИЛ ќе организира панел дискусија за општествената одговорност на интелектуалците и уметниците во промовирањето на различностите и европските вредности, на 21 мај (петок), во Скопје.

Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ се спроведува со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото војводство Луксембург.

Сите настани ќе се одржат без публика, според протоколите за заштита од Ковид-19, а на учесниците ќе им биде овозможено да изберат меѓу физичко и онлајн присуство.

Настаните  ќе се пренесуваат во живо на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ, а потоа ќе бидат објавени низа медиумски содржини на медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА, на македонски, албански и англиски јазик.

Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0. Ќе биде овозможено и присуство на ТВ екипи, со молба строго да се придржуваат кон протоколите за заштита од КОВИД-19.

ЦИВИЛ  

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ