• Latest

Северна Кореја лансираше балистичка ракета

February 18, 2023

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Северна Кореја лансираше балистичка ракета

February 18, 2023 11:46
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета кон морето во близина на нејзиниот источен брег, соопшти воената команда на Јужна Кореја, откако Пјонгјанг предупреди дека силно ќе одговори на претстојните американско-јужнокорејски воени вежби. Јапонската крајбрежна стража, исто така, соопшти дека Северна Кореја лансирала балистичка ракета. Јужнокорејската војска објави дека станува збор за проектил со долг дострел истрелан од локација недалеку од Пјонгјанг.

Лансирањето се случи откако Северна Кореја вчера се закани со „невиден цврст, силен“ одговор додека Јужна Кореја и САД се подготвуваат за нивните годишни заеднички воени вежби како дел од напорите да ги одвратат растечките нуклеарни и ракетни закани на Северна Кореја, јави Ројтерс.

Сојузничките нуклеарни стратешки вежби се закажани за в среда во Пентагон, а ќе учествуваат високи креатори на одбранбената политика од двете земји, објави јужнокорејското Министерство за одбрана. Двете земји, исто така, имаат намера да одржат широк опсег на заеднички теренски вежби, вклучително и вежби со гаѓање, во наредните недели и месеци.

Околу 28.500 американски војници се распоредени во Јужна Кореја како наследство од Корејската војна од 1950 до 1953 година, во која учествуваа САД и која заврши со примирје, а не со мировен договор, оставајќи ги завојуваните страни технички сè уште во војна.

Нуклеарно вооружената Северна Кореја минатата година лансираше најголем број на ракети досега, вклучително и интерконтинентални балистички ракети кои би можеле да погодат кое било место во САД, и продолжува со подготовките за својата прва нуклеарна проба од 2017 година.

Пјонгјанг можеби создал воена единица задолжена за оперирање на нови интерконтинентални балистички ракети, согласно неодамнешното воено реструктуирање, упатуваат снимките на државните медиуми кои ја покажуваат воената парада на 9 февруари.

Tags: Јужна КорејаРАКЕТАСАДСеверна Кореја
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ