ВЕСТ НА ДЕНОТ
Северна Македонија сепак не е сама, 100-те милиони евра од ЕУ ќе ја помогнат економијата во следните две години
Откако само пред само неколку дена Европската комисија одобри на 50.000 евра за проекти во Северна Македонија, Европската комисија вчера предложи да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија. Со овој предлог, како што истакна претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, се покажува дека Брисел стои до Северна Македонија во тешки времиња, потенцирајќи ја енергетската криза.
Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на државата во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја финансиската одржливост и структурните реформи.
Оваа помош е наменета и за успешно справување со предизвиците со кои се соочува цела Европа, но и за успешно спроведување на политиките и реформите со кои ќе се забрза интеграцијата на земјата, преку Меморандумот за разбирање помеѓу Европската Унија и Северна Македонија, а предлог е во рамки на 24-месечната програма за поддршка склучена со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), до 530 милиони евра.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Продолжува субвенционирањето на сметките за струја на најранливите категории граѓани. Годинава за оваа мерка се предвидени 60 милиони денари или еден милион евра.
„За самец со приходи до 18.000 денари денари, за домаќинство со два члена до 25.000 денари, за домаќинство до три члена до 30.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 600 денари, додека за домаќинство со четири члена со приходи до 36.000 денари и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 43.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 800 денари“, рече Бектеши на прес-конференција во Владата.
ФЛЕШ ВЕСТИ
СОЛИДАРНОСТ Северна Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес.
ЗАКАНА Во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа, соопштуваат од МВР.
ЕКОНОМИЈА АДА е првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавниот сектор во регионот ќе биде промовирана во текот на следниот месец и ќе ги нуди сите информации за финансиска поддршка по Планот за економски раст, а секако понатаму овој асистент ќе биде надограден и на други услуги кои се важни за стопанството и граѓаните, велат за ЦИВИЛ Медиа од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ за обезбедување хуманитарна помош за Туркије.
*
Евгениј Пригожин, шеф на Вагнер групата, која и Украина и САД ја регистрираа како транснационална криминална организација, има личен економски интерес да го заземе украинскиот град Бахмут на истокот на земјата, ваква оценка искажа Џон Кирби, координатор на Советот за национална безбедност на Белата куќа, кој зборуваше на брифинг со новинарите во понеделникот, јавува дописникот на Укринформ.
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
По силниот земјотрес што ги потресе Туркије и Сирија во понеделникот, 6 февруари 2023, на социјалните мрежи се споделуваaт стари фотографи како да се нови од земјотресот во Туркије и Сирија.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Градот на солидарноста, по апокалиптичниот земјотрес во Туркије и Сирија, останува нем. Читам дека дел од советничките групи веднаш побарале итна седница и дури подготвиле предлог-одлука за помош на настраданите од земјотресот, со конкретен предлог итно да се додели парична помош од 100.000 евра. Но тие во чии раце се лостовите на моќта и административните одлуки – молчат. Бесчувствителност? Нема друг збор за тоа, а да не биде најблаг“, пишува Џабир Дерала во колумната „Срам: Градот, изграден од хуманитарна помош, нечувствителен за страдањата од земјотресот во Туркије“.
„Народе патриотски, не се плаши, Запад е со тебе: од Европска делегација преку USAID до Британска амбасада, сите богато ги наградија со грантови сите невладини – пред сѐ тинк тенкови и некои рендом што немаат абер што се реформи, а немале ни јавен став во однос на прашањето – кои беа најгласни против отворањето преговори со ЕУ (и кои се, секако, “за”, но под други, имагинарни услови), или не зуцнаа“, пишува Катерина Колозова на својот Фејсбук профил.
Д. Муратов