ВЕСТ НА ДЕНОТ
Дигиталната дипломатија во регионот во пракса најдобро ја користат институциите на Северна Македонија, кои највисоко се р+++ангирани и добија најмногу поени во анализата „Дигитална дипломатија во регионот 2020“.
Најмногу поени во рангирањето по сите критериуми, односно 7,2 освои Северна Македонија, чии институции, како што се наведува во анализата, вложиле значителен труд и имаат добро осмислена стратегија, со што јасно покажале дека и во регионалните рамки дигиталната дипломатија може да се практикува по речиси светски стандари.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Денеска се навршуваат четири години од страотните поплави кај Стајковци, во кој загинаа 22 лица.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн.
Синдикатите со став дека, ако се зголемува струјата, треба да се зголемат и платите на работниците.
Собранието е веќе конституирано и тече рокот од 10 дена за доделување на мандатот за состав на Влада, вели министерката за правда во заминување Рената Дескоска.
Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека винил хлорид мономерот ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови потребни за безбедна работа со оваа хемикалија.
Домашна платежна картичка користат 305 илјади граѓани, до 1 август потрошиле 23 милиони евра.
ЦИВИЛНИ ВЕСТИ
Брифинг за претставниците на медиумите за проектот „Европа е наш дом“
Брифинг за претставниците на медиумите за проектот „Европа е наш дом“ се одржа во просториите на Редакцијата „Слободен печат“. На брифингот стана збор за проектот на ЦИВИЛ кој се спроведува со цел да се поддржат ЕУ интегративните процеси на земјата, да се промовираат европските вредности, како и вклучување во борбата против хибридните закани против демократијата.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Во одговор на прашањето што очекувам од новата Влада мислам дека е многу соодветно да го споделам текстот објавен во Дневник 2007 година. Секоја сличност со реалноста е сосема намерна, иако недоволна. Посебно извинување за пропустот во текстот да биде опфатено и последното поскапување на електричната енергија со кое се заштитува исчезнувањето од нашиот економски простор на екстра профитот како заштитен вид“, пишува Мирјана Најчевска во колумната „Што очекувам од новата Влада?“
„Камуфлирани зад патриотизмот, одредени политички структури, без никаква идеолошка поткрепа, политичка култура, и на крајот на краиштата, морална вертикала, со години наназад јавниот простор го користат за пресметка со нивните неистомисленици. Предмет на опскурни опсервации на ваквиот корпус со години наназад се т.н. предавници на родот свој македонски“, пишува Гордан Стошевиќ во колумната „Патриотизмот како последно прибежиште на националистите“.
„Честито Влада! Мицкоски го прифатил премиерот на Ахмети, се согласил на Северна, законот за јазици и договорите со Бугарија и Грција?“ – прашува иронично Џабир Дерала во својот предполноќен блиц-коментар под наслов „Старите пајташи повторно ќе јаваат заедно или уште еден пукнат балон?“.
Ангела Петровска