Секјурити Груп Сервисис (СГС) го доби тендерот во висина од 113.000 евра за обезбедување на Археолошкиот музеј на Македонија. Агенцијата за обезбедување во период од една година била едниствениот учесник на тендерот каде услов да се добие, била најниската понудена цена.
Ова не е едниствениот тендер за СГС. Минатиот месец оваа агенција доби тендер за обезбедување на Холокаустот на Евреите од Македонија во висина од 24.000 евра. Покрај овие две институции СГС ги обезбедува и АЕК, општата болница во Велес, училиштата и градинките во општина Аеродром, како и голем дел од проектот „Скопје 2014“.
Оваа агенција постои од 2010 година и за кратко време доминираше на пазарот. Имено, по „бомбите“ објавени од СДСМ , зад оваа агенција се шпекулира дека стои поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.
Ј.М.П.