• Latest

Шаќири на Министерски состанок на платформите на Западен Балкан за истражување и иновации, образование и обука

June 28, 2022
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири на Министерски состанок на платформите на Западен Балкан за истражување и иновации, образование и обука

June 28, 2022 14:03
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Северна Македонија останува посветена на усогласување на нејзините национални напори со Агендата за иновации за Западен Балкан. Во текот на изминатите години, Владата покажа високо ниво на посветеност на подобрување на националниот екосистем за истражување и иновации. Значајна сума од националниот буџет е доделена за поттикнување на истражувањето и иновациите, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска во Тирана, Република Албанија на Министерскиот состанок на платформите на Западен Балкан за истражување и иновации, образование и обука, на кој покрај министрите за образование на земјите од опкружувањето, присуствуваат и Европската комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади, г-ѓа Марија Габриел и   генералните директори на директоратите за истражување и иновации и образование, култура и спорт, соопштуваат од МОН.

– Државниот буџет за истражување е двојно зголемен во споредба со претходната година. Најголем дел од финансиските средства е насочен кон финансирање на научно-истражувачки проекти за поддршка на истражувачката инфраструктура на факултетите и  јавните научни институции. Ставајќи ги на маса дигитализацијата и Зелената агенда како хоризонтални приоритети, со Фондот за иновации се планира серија социјални предизвици кои ќе ги позиционираат иновациите како движечка сила за трансформирање на нашето општество и нашата економија и позиционирање на иновациите, изјави Шаќири.

Вреди да се спомене, рече министерот, дека Северна Македонија покажа силен неодамнешен напредок во процесот на идентификување приоритетни области за паметна специјализација со финализирање на Процесот на откривање на претприемништво, дури и во време на ограничувања COVID.

Министерот, ја истакна и потребата од нов Закон за иновациска дејност со цел соодветно да ја одрази промената на иновациската политика и глобалните социо-економски предизвици, насочени кон јавните инвестиции за зголемување на нивната ефикасност.

Министерскиот состанок за образование и обука оваа година во фокусот ја стави темата за учење за одржливост на животната средина. Во своето обраќање министерот Шаќири се надоврза дека зелениот раст значи поттикнување на економскиот развој, но истовремено грижа за природните ресурси и обезбедување благосостојба на граѓаните.

– Овој предизвик бара паметни инвестиции и добра координација на сите засегнати страни од јавниот, приватниот и меѓународниот сектор. Затоа е важно образовниот систем да ги препознае потребите за зелена транзиција и да обезбеди ресурси за справување со климатските промени. Иницијативите за зелена и дигитална Европа се воведени и во новиот Концепт за основно образование, рече Шаќири.

Министерот ги информираше присутните дека е започната сеопфатна образовна програма за заштита на животната средина со негување на инклузивен и системски пристап. Програмата предвидува социјални иновации и иницијативи предводени од младите за зголемување на капацитетите за одржлив развој, како и воспоставување на мрежа за учење помеѓу училиштата и релевантните национални институции кои работат на заштита на животната средина.

Согласно новиот Закон за средно образование, додаде Шаќири формирана е работна група која работи на одделни поглавја за регулирање на инклузивното образование, демократското учество на учениците, исклучување на секаков вид дискриминација, функционирање на Регионалниот центри за стручно образование и обука, како и учење за еколошка одржливост.

– Како втор чекор ќе следува изработка на Концепција за средно образование при што Европската рамка на компетенции за одржливост и Препораката на Советот на Европа за учење за одржливост на животната средина ќе бидат земени предвид како заедничка основа во развојот на програмите за образование и обука. Во таа насока во последните две години е зголемен интересот за верификација на посебни програми за неформално образование за зелени работни места и моментално имаме повеќе од 10 сертифицирани програми за неформално образование за зелени квалификации како што се: управување со системи на обновливи извори на енергија, користење системи на соларни панели, одржување на фотоволтаични системи, рече во своето обраќање министерот Шаќири.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ