На Фејсбук страницата „Полн Погодок“ е објавен наводен список со патници во Токио, Јапонија на Олимписките игри 2020. „Полн Погодок“ е всушност сајт за спортски вести, меѓутоа оваа „скандалозна вест“ како што ја насловија „Пикник во Токио“ на ФБ страницата, не е објавена на нивната официјална вебстрана polnpogodok.com. Последната вест на нивниот сајт е објавена на 5 јули со наслов: „Список на играчи за претквалификации за мундијалот: Селекторот Бајиќ ќе ги провери сите расположливи сили за сениорскиот национален тим“.
Покрај известувањето за тоа дека дел од патниците на ОИ во Токио си ги зеле и сопругите, администраторите на Фејсбук страницата не пропуштиле прилика да упатат и политичка порака: „Пак да ги гласате“.




Исто така, и генералниот секретар на Владата на РСМ, Мухамед Зекири, демантира дека бил во Токио и побара јавно извинување од новинарот Боби Христов од ТВ Телма, кој искоментирал во оваа насока во коментар на неговиот личен Фејсбук профил.
Инаку „Полн Погодок“ е спортска емисија која беше емитувана на ТВ Сонце, а за истата емисија ја промовираа и OffNet во 2016 година.
Ова е само уште една индикација дека не се бираат средства за испраќање на политички пораки преку лажни вести и дезинформации. Очигледно овој наводен „спортски скандал“ има за цел да испрати порака да не се гласа за актуелната власт на претстојните локални избори. Едноставно, одредени структури и играчи се „шампиони во олимписките дисциплини – лажни вести и дезинформации“ или лесно „паѓаат“ на нив.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ

















