• Latest

Шарените револуционери ја водеа и ја водат и борбата против рекетарите, и ќе победат

July 17, 2019

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Шарените револуционери ја водеа и ја водат и борбата против рекетарите, и ќе победат

MIDNIGHT EXPRESS: Ќе биде сѐ полошо за криминалците и рекетарите, а подобро за граѓаните, за чесните, работливите луѓе на оваа земја, кои видоа доволно маки. Па видете вие кој е победник, а кој поразен во таква ситуација. Затоа е и оваа хистерија на оние што ја доведоа државата до дереџе да има специјално обвинителство...

July 17, 2019 06:53
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Во врска со она што се случува со едно од многуте крила на најпопуларното хоризонтално движење во Македонија, #ДвижењетоРекетирам, Младиќот околу полноќ, гледајќи традиционално во својата кристална топка, не може а да не ја деконструира оваа пренасилена и тенденциозно пумпана атмосфера на разочарување и наводен „морален пораз“ на Шарената револуција, драги мои пријател(к)и. Бидејќи состојбата воопшто не е таква. Шарената револуција и сега ја води борбата против криминалците и рекетарите, и ќе победи и во неа. А во прилог неколку неоспорни факти:

Најпрво, драги мои, случајот „Рекет“ го води обвинителка која го демонстрираше својот граѓански суверенитет и беше со Шарената револуција, додека, се сеќавате, бааги луѓе, меѓу кои и оние што најмногу ја шират тезата за наводниот морален пораз, „не се бавеа со политика“, или ги плукаа „платениците“ од „куферчињата на Сорос“ како дел од монструозната криминална клика и агит-проп машинерија на мвро-вмро.

Второ, Шарената револуција се бореше за правда, и застана зад единствената институција која во тој момент демонстрираше правда, во моменти кога тогашниот претседател, исто така дел од политичката структура која ја претвори Македонија во заробена држава, донесе аболиција, со која сакаше да го уништи спроведувањето на правдата.

Тоа беше поводот за избивање на Шарената револуција. СЈО веќе постоеше пред тоа и почна со првите истраги, кои власта и тогашниот пастир и војвода, а сегашен азилант и соработник на унгарската држава, преку Иванов, се обиде да ги спречи. Граѓаните излегоа на улица не за Катица, Фатиме, Ленче, туку затоа што некој се обидуваше да ги спречи да работат.

Тоа за минатото, а за сегашноста и иднината: како што гледате, полека полека, се будат институциите на системот, почнува да функционира регуларното обвинителство, она за организиран криминал, Антикорупциската комисија, критиката е слободна, случаите на злоупотреби се откриваат далеку полесно.

Така ќе продолжи и во блиската иднина. Ќе биде сѐ полошо за криминалците и рекетарите, а подобро за граѓаните, за чесните, работливите луѓе на оваа земја, кои видоа доволно маки. Па видете вие кој е победник, а кој поразен во таква ситуација. Затоа е и оваа хистерија на оние што ја доведоа државата до дереџе да има специјално обвинителство.

За нив, да повтори младиќот тоа што и во други прилики го напишал. Немаат мир пустите, и сѐ уште се обидуваат да ја поганат Шарената револуција, онаа што ги порази до колена на секаков план – политички, етнички, етички, морално, како сакате…

Тој пораз ги боли секој ден. Со години. Ги гледаме, слушаме ете веќе 3 години и повеќе, од уста не ја извадија Шaрената револуција. По митинзи нѐ спомнуваат, во спотови нѐ клаваат, по насловни спружуваат, уште по социјaлни мрежи плукаат и се закануваат, и знаеме што чувствуваат, како што самите фројдовски велат: со тој пораз ќе треба да се будат и да заспиваат. Со години, чекајќи го тој „еден ден“… кој никогаш нема да дојде.

Сѐ што им останува е да се обидуваат да се потсмеваат, да навредуваат, клеветат, мразат или да манипулираат. А допрва ќе разберат, дека „нема правда – нема мир“, тоа што за нив е нешто недофатливо, е идеал кој полека почнува да се остварува.

Додека тие сѐ уште му се клањаат на џет-сетерот од Будимпешта и живеат во негирање на криминалот и општествениот злостор што го спроведуваа цела деценија, со кој ги уништуваа токму институционалните, правните, образовните, моралните капацитети и вредности на општеството, таквите идеали, вредности и морални позиции ќе бидат нешто што, во најдобар случај, можат само да го имитираат, и тоа лошо и гротескно, бидејќи ниту ги чувствуваат, ниту пак ги разбираат.

#SharenataRevolucijaPobeduva
#NemaPravdaNemaMir

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share220Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ