• Latest

Шебек: Сѐ додека медиумската писменост е на сегашното ниско ниво, не треба да нѐ чуди што луѓето ги следат лажните вести

August 3, 2021
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Шебек: Сѐ додека медиумската писменост е на сегашното ниско ниво, не треба да нѐ чуди што луѓето ги следат лажните вести

August 3, 2021 22:44
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, МЕДИУМИ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Г. Ненад Шебек работел како новинар повеќе од 30 години. Новинарската кариера ја започна  во Радио Белград и се приклучи на Светскиот сервис на Би -Би -Си во 1986 година. Беше извршен директор на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа и директор на Фондацијата Хајнрих Бел, канцеларија во Белград. Пред тоа, две години бил дописник од Москва за „Светот“ (копродукција на Би-Би-Си, Јавното радио Интернационал и WGBH во Бостон). Го покриваше Балканот низ бурните 1990-ти, прво за Би -Би -Си, потоа и за емисијата „Светот“.

Шебек во својот говор на Регионалната конференција „Напади врз демократијата и човековите права“, што се одржа на 28 јули, 2021, во Скопје, зборуваше за медиумската писменост како клучна алатка за подобрување на состојбата со лесното примање на дезинформациите од граѓаните.

„Дозволете ми да започнам со реакција на некои работи што ги кажаа. Мислам дека е многу важно потсетувањето на Абит за тоа колку се млади нашите демократии. И, ние не зборуваме само за посткомунистичките земји, ние исто така зборуваме за она што го сметаме за зрели демократии, како Шпанија или Грција, а тоа тие всушност не се. Втората работа што ја спомена Абит е, да не бараме руско влијание зад секој агол, бидејќи многу од хибридните војни поврзани со Русија, сепак, се домашни и поскоро се поврзани со внатрешно-политичката ситуација во земјите за кои зборуваме.“, посочи

Шебек, кој вели дека, според него, Балканските земји се еднопартиски клептократии.

„Дозволете ми да се надоврзам на она што го спомена д-р Ресман, а тоа е дека автократските режими служат за добивање моќ и добивање пари, бидејќи тоа е многу точно. Флоријан Бибер, за балканските земји го воведе терминот „стабилитократија“. Значи, Бибер го користи терминот „стабилитократија“, а јас практикувам овие земји да ги нарекувам „еднопартиски клептократии“. Така што, она што го вели д -р Ресман е многу точно, се работи за собирање моќ, а собирањето моќ служи за собирање пари.“, вели Шебек.

Шебек не враќа низ историски случки од хибридните напади, до перцепцијата за вистината уште од ерата на Тројанската војна.

„Сега, дозволете ми да се вратам малку низ историјата на хибридните напади. Како прво, ова не е ништо ново. Во ерата на студената војна, тие се нарекуваа „сај-опс“’ (PsyOps). Обете суперсили агресивно применуваа психолошки операции, дури одеа и до таму што испробуваа паранормални феномени, како всадување мисли преку спиритуалисти. Сега, дозволете ми да се вратам низ историјата и да навлезам во она што во новинарството се смета за првиот воен извештај што некогаш се појавил во медиумите. Датира уште од ерата на Тројанската војна и секако зборуваме за Илијадата на Хомер. Сега, за момент да претпоставиме дека Хомер навистина постоел и дека Илијадата е вистинска приказна за војна што се случила. Во тој случај, можеме ли Илијадата и Одисејата да ги сметаме за првите воени репортажи што некогаш биле напишани? Кого имаме таму? Кој е нашиот неутрален набљудувач, а тоа е она што треба да биде новинарот? Па, Хомер ѝ припаѓа на страната на Ахил, тој е Грк против Тројанците, па дали можеме навистина да сметаме на неговата објективност?

Или, ако сакаме да се вратиме уште поодамна и да ја разгледаме библиската приказна за протерувањето на Адам и Ева од Рајот? Кои се лицата што се појавуваат во новинарската приказна? Имаме Бог, го имаме Адам, ја имаме Ева, ја имаме змијата и го имаме архангелот. Сите тие се учесници во оваа приказна, тие не се објективни набљудувачи. Значи, знаете, кој е овде неутралниот набљудувач? Кого имаме таму? Вестите се извртуваат постојано и од памтивек. Ако ја погледнеме американската граѓанска војна, на пример, во средината на 19 век, ги имаме првите документирани докази дека едната страна во војната всушност се обидува да купи влијание во неутрална земја. Во овој случај, конфедерацијата испраќа свој агент во Лондон со цел да купи влијание во англиските медиуми. Овој агент многу педантно ги прибележува своите трошоци. Значи, што прави тој?

„Тој всушност бара од новинарите што примаат пари, мито, да потпишат потврди за примени средства од него. И тој ги испраќа сметките назад во Атланта, каде што е седиштето на конфедерацијата. Овие потврди сѐ уште се чуваат денес и се всушност првиот документ што докажува како всушност можете да купите медиумско влијание. Значи, она што е всушност ново во врска со хибридната војна е едноставно технологијата и Абит тоа многу добро го истакна.“, посочува Шебек.

„Технологијата што ја имаме на располагање денес овозможува далеку поширок и многу подлабок дофат отколку било кога претходно низ историјата. Според мое лично мислење, има 6 работи што треба да направиме за да се спротивставиме на овие видови закани и овие шест работи се медиумската писменост, медиумската писменост, медиумската писменост, поддршката на независните медиуми, поддршката на независните медиуми и поддршката на независните медиуми. Не се две работи, туку шест, бидејќи намерно ја зголемувам важноста на овие два елементи. Сѐ додека немаме медиумска писменост, на пример, очигледно денес се фокусираме на Балканот, сѐ додека медиумската писменост се наоѓа на сегашното ниско ниво, не треба да нѐ чуди што луѓето ги следат лажните вести, дека не ги препознаваат лажните граѓански организации, таканаречените невладини организации спонзорирани од владата (GONGOS), дека не ги препознаваат лажните медиуми.

Во Србија, на пример, постои независен портал наречен Јужни Вести… И овој портал, кој беше независен портал и сѐ уште постои, во основа имаше друг портал што се појавуваше со истото име и многу слично лого и 54,38 секунди. Значи, луѓето без медиумска писменост нема да можат да ја препознаат разликата помеѓу вистинските вести и лажните вести. Патем, го мразам изразот лажни вести бидејќи нешто или е или вест или е лага, нема лажни вести како такви, но, бидејќи Доналд Трамп ја воведе фразата лажни вести, сите зборуваат за тоа, вклучувајќи ме и мене. И, на крајот, уште една работа во врска со руската пропаганда, на пример во Србија поконкретно, Русите не треба да вложуваат пари или напор, бидејќи таму има огромна симпатија кон Русија. Ситуацијата е доста слична во Република Српска, ентитетот на Босанските Срби, Босна и Херцеговина. На друго место, навистина не функционира, не е корисна. Порано така беше во Северна Македонија за време на Груевски, но не повеќе.“ се осврна Шебек на медиумската писменост и начинот на препознавање лажни вести.

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ