• Latest

Шефот на американската дипломатија: Палестинците умираат невини, тажен сум

January 31, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Шефот на американската дипломатија: Палестинците умираат невини, тажен сум

January 31, 2023 18:07
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е тажен поради смртта на невините Палестинци во израелско-палестинското насилство, за време на средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас на окупираниот Западен Брег.

Дозволете ми да го изразам моето сочувство и тага за смртта на невините палестински цивили кои ги загубија животите во ескалацијата на насилството во текот на изминатата година, истакна Блинкен во седиштето на палестинските власти во Рамала на Западниот Брег, палестинска територија окупирана од Израел во 1967 година.

Минатата година, 235 луѓе беа убиени во израелско-палестинските конфликти, меѓу кои речиси 90 проценти беа Палестинци, покажува статистиката на француската новинска агенција заснована на официјални израелски и палестински извори. ОН процениле дека бројот на жртви на Западниот Брег минатата година бил најголем од 2005 година.

Израел во некои случаи призна дека неговите сили по грешка убиле цивили во, како што ги нарекува, нападите против тероризмот. „Палестинците и Израелците имаат зголемено чувство на несигурност, стравот се шири се повеќе и повеќе во нивните заедници и во нивните места за богослужба“, изрази жалење Блинкен во Рамала.

Сметаме дека е важно да се усвојат мерки за деескалација, да се запре насилството и да се намалат тензиите, додаде тој, повикувајќи да не се преземе ништо што би можело да го загрози решението за две држави, израелска и палестинска. Тој ги спомна проширувањето на израелските населби, легализацијата на илегалните населби (што владата не го одобри), уривањата и иселувањата што ги спроведе израелската влада.

Блинкен изјави и дека жали што се стеснува хоризонтот на надеж за Палестинците. Патувањето на шефот на американската дипломатија, кое е долго планирано, започна во неделата во Египет, а завршува вечерва. Доаѓа по неколкудневни насилства обележани со палестински напади во Источен Ерусалим во кои загинаа седум лица и смртоносни напади на израелската армија на Западниот Брег.

Tags: БлинкенИзраелКонфликтПалестинци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ