ДИК спроведе избори за време на пандемија и според извештаите на релевантните тела, има мал број на забелешки за одржување на изборите. ДИК донесе ценовник за медиумите, и тоа во краток рок кој не беше соодветен“, истакна Дитмире Шеху, потпретседателка на Државна изборна комисија на конференцијата на ЦИВИЛ на тема „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“.
Ниту на еден граѓанин не му беше оневозможено правото на глас, односно им овозможивме на сите граѓани да го остварат правото на глас.
Околу 200 апарати за отпечаток на прст ќе ни бидат достапни за да тестираме како ќе се одвива гласањето. Околу 4.000 апарати се предвидени за гласањето. Доколку не работи апаратот, тогаш ДИК ќе биде известен, но сепак гласачот ќе има право да гласа, додаде Шеху.
Д. Муратов