• Latest
Радмила Шекеринска | фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Шекеринска Членството во НАТО, признание за напорите на Македонија

June 8, 2018

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска Членството во НАТО, признание за напорите на Македонија

June 8, 2018 15:50
in ВЕСТИ
Радмила Шекеринска | фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Радмила Шекеринска | фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Македонија изоде долг пат и направи голем скок во интегративните процеси, што го потенцира нашиот кредибилитет како полноправен член на НАТО алијансата во блиска иднина. Се надеваме на членство во НАТО, кое ќе биде признание на нашите напори и ќе ја зајакне безбедноста во регионот.

Ова им го порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска на министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата, на состанокот во Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел, предводен од генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Таа потенцира дека Македонија заслужува да стане 30. членка на НАТО.

– Внесовме нов дух во односите со соседите. Отворивме дијалог и ги решаваме сите спорни прашања. Потпишавме договор за добрососедство и пријателство со Бугарија и сме на пат да го решиме 27 годишниот спор за името со Грција. Немаме други незатворени билатерални или гранични прашања, порача Шекеринска.

На состанокот на НАТО предводен од Столтенберг во чиј фокус беше мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, министерката рече дека Македонија од почетокот на 2018 година го зголеми своето учество и дека поддршката ќе продолжи.

Шекеринска ги информираше министрите и генералниот секретар на НАТО дека новата демократска влада во Македонија превзеде сериозни реформи во сите области вклучително и во одбранбениот сектор.

Во пресрет на Самитот на НАТО, закажан за 11 и 12 јули во Брисел, Шекеринска имаше средби со колегите Германија, Белгија, Холандија.

Од нив побара поддршка за членство на Македонија во НАТО, посочувајќи дека сегашниот момент не треба да се пропушти бидејќи таква можност нема да се повтори во скоро време.

На средба со германската министерка за одбрана Урсула вон дер Лејен беше заклучено дека соработка меѓу двете земји е на високо ниво и со взаемно разбирање. Шекеринска се заблагодари за континуираната поддршка од Германија во реформските процеси во одбраната и за влез во НАТО.

На средбата со министерот за одбрана на Белгија Стивен Вандепут беше потврдена високата соработка и беше заклучено дека таа треба да се продлабочува и унапредува во континуитет.

Во разговорот со министерката за одбрана на Холандија Анк Билјевелд-Шоутен, Шекеринска изрази задоволство од холандската поддршка за членство на Македонија во НАТО и ја истакна подготвеноста за интензивирање на соработката.

Попладнево Шекеринска ќе се сретне со италијанската министерка Елизабета Трента.

Министерката разговараше и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, на маргините на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО.(МИА)

Tags: БриселМакедонијаНАТОРадмила Шекринска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ