• Latest

Шекеринска: Фокусирани сме на решение, на шанса за нашата држава и нема да дозволиме невнимание тоа да го уништи

May 31, 2018

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска: Фокусирани сме на решение, на шанса за нашата држава и нема да дозволиме невнимание тоа да го уништи

May 31, 2018 12:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Фокусирани сме на решение, на шанса за нашата држава, и нема да дозволиме невнимание тоа да го уништи, изјави денес во Битола, заменик претседателот на Владата и министер за одбрана Радмила Шекеринска, а во врска со текот на преговарачкиот процес меѓу Република Македонија и Република Грција.

Шекеринска потврди дека двата министри договориле рамка за добро решение, што ќе биде добра вест за целиот регион.

– Двајцата министри договорија рамка која сметаме дека ќе биде добро решение за Македонија и за Грција и ќе биде добра вест за целиот регион. Остануваат последните чекори и тие се подеднакво важни и често пати дури и потешки. Очекуваме двата премиери да разговараат за сите детали и очекуваме во кратко време, доколку има понатамошен напредок, да имаат и заедничка средба. Фокусирани сме на решение, на шанса за нашата држава и нема да дозволиме невнимание тоа да го уништи, посочи министерката Шекеринска за време на денешниот престој во Битола, каде беше отворен француски Меморијален комплекс.

Во Битола сме пред еден паметник, додаде Шекеринска, и тој потсетува дека нашата татковина никогаш не била во лесни ситуации, никогаш пред нас не стоеле лесни одлуки.

-Се што сме направиле сме „платиле“ со многу крв и пот. И нашата независност не беше лесна, зад нас се и неколку тешки години на политичка криза. Ја изненадивме Европската унија, па и самите себе, што ја направивме Македонија посилна отколку што беше пред кризата, што ја направивме посплотена. Ова прашање не е лесно, а да беше лесно ќе беше решено пред 25 години, пред 15 или пред пет години, но во државата не треба да чекаме некој да дојде да ни ги реши проблемите. Треба да донесеме одлуки, секој треба да ја понесе својата одговорност за одлука но и за немање одлука. Треба да им понудиме шанса на нашите деца, на младите, на нашата земја не само да зборува за историја, туку да остава споменици и да гради своја иднина. Ако тој дух го има во сите нас, тогаш ќе се најде решение, изјави заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за одбрана Радмила Шекеринска, која на свечениот церемонијал на француските воени гробишта во Битола беше заедно со министерката Женевиев Дариесек, државен секретар во Министерството за вооружени сили на Република Франција.

На новинарско прашање до министерката Дариесек во врска со документот „нон-пејпер“ што проциркулира низ државите членки на ЕУ, таа изјави:

-Да се зборува за еден работен документ што нема никаква официјална важност, а за знам дека во последно време се пишуваше низ медиумите за него, е навистина нешто што допрва ќе треба да се разгледува и затоа треба кон крајот на месец јуни да размислиме за стигнување до вашата конечна цел. Знам дека беше направена огромна работа, ви престои уште, и свесни сме за напредокот што го постигна државата, одговори Дариесек.

Меморијалниот комплекс во Битола е посветен на споменот на француските војници кои се бореле на Македонскиот фронт, како и на локалното население кое ја доживеало таа војна заедно со нив.

(МИА)

Tags: БитолаГрцијаМакедонијаМинистерство за одбранапреговарањеРадмила Шеќеринскаспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ