Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, утре во 10 часот, во армискиот полигон „Криволак“ ќе ги посетат припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот „Криволак“, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“, кон средината на следниот месец.
Вежбата „Одлучен удар – 21“ ќе се реализира во периодот од 17 мај до 02 јуни 2021 година на АП „Криволак“ и на неа предвидено е да учествуваат околу 2.000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од Република Северна Македонија. До самото започнување на вежбата ќе се реализираат повеќе инженериски активности односно уредување на полигонот „Криволак“ што ќе овозможи беспрекорно реализирање на вежбовните активности.
Во рамки на посетата, министерката Шекеринска и амбасадорката Брнз ќе дадат изјави за медиумите.
За претставниците на медиумите е обезбеден превоз од Министерството за одбрана. Поаѓањето е од пред МО во 08 часот.
Настанот се организира според важечките протоколи за здравствена заштита, одржување на растојание и носење на заштитни маски. Ве молиме за време на настанот да ги почитувате пропишаните мерки.