• Latest

Шекеринска: Нема поголеми избори и изјаснување од референдумот

September 21, 2018

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска: Нема поголеми избори и изјаснување од референдумот

September 21, 2018 11:55
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Поголеми избори и појасно изјаснување од претстојниот референдум нема да имаме. Таа порака граѓаните ќе ни ја упатат на 30 септември и затоа нашиот повик до сите е да го искористат тоа право и да го кажат својот став, одговори министерката за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање дали предвремените парламентарни избори се опција „Б“ по изјаснувањето на пратеници од ВМРО – ДПМНЕ дека нема да гласаат за уставните измени.

– Овој дел на дискусиите во рамки на Парламентот покажуваат дека некои партии повеќе тераат партиска политика отколку државна политика и жалам за тоа. Ги чувме повиците сите граѓаните да гласаат според своето убедување и мислење. Верувавме на тие зборови. Ги чувме изјавите дека доколку референдумот биде позитивен со поддршка за наше членство во НАТО и ЕУ и прифаќање на договорот, верувавме во тие зборови затоа што сметаме дека навистина политичките партии имаат одговорност за тоа што го кажуваат. Вистинската адреса за овие прашања е во партијата која испраќа три различни верзии на едно исто прашање. Три различни одговори, рече Шекеринска по денешното отворање на 4. Мобилен летен универзитет на Балканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Ние сме фокусирани на референдумот, подвлече, заради тоа што секој ден гледаме дополнителни аргументи зошто Македонија треба час поскоро да стане членка на НАТО и на ЕУ. Фокусирани сме на референдумот, потенцира, заради тоа што гледаме дека огромно мнозинство на граѓани на оваа држава посакуваат да се реши проблемот и државата да тргне напред.

– Политичките партии и поединци коишто ќе застанат на патот на јасно изразената граѓанска волја ризикуваат да бидат видени како политичари кои само се пазарат за лични интереси и за амнестија. Затоа мислам дека во следниот период многу маски ќе паднат, но Македонија не смее да ја плаќа цената на личните и на партиските интереси. Нашиот фокус се граѓаните овој референдум и нашиот фокус е државата да ја обезбедиме со членство во НАТО и во ЕУ, нагласи министерката за одбрана Шекеринска.

На прашањето дали до македонската Влада преку нон-пејпер се пристигнати уставните измени изработени од грчката страна, Шекеринска истакна дека овој период сме бомбардирани со лаги и невистини, а целта е, рече, повторно да не се фокусираме на потребите на граѓаните, туку да се фокусираме на потребите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во таа замка нема да паднеме. Замислете да се случеше обратното, да почневме сега со работа на уставните амандмани пред граѓаните да го кажат својот став. Ќе речеа дека Владата тргнала еден чекор понапред без притоа да ги сослуша граѓаните на РМ. Ние нашите чекори јасно ги најавивме. Одиме прво на референдум, очекуваме граѓаните да го кажат својот став за нашето членство во ЕУ и НАТО и прифаќање на договорот, и во зависност од одлуката на референдумот ќе продолжиме понатаму, порача Шеќеринска.

Додаде дека ако грчката страна мислела дека така треба да се постапи, тоа ќе беше дел од договорот.

– Затоа велам лагите се тука за да не ни дозволат да се фокусираме на суштината. Ние потпишавме договор и тој договор е обврзувачки. Наши се обврските, а не грчки. Јасно ставивме до знаење и ВМРО – ДПМНЕ тоа можеше да го чуе дека работата на уставните измени ќе почне откако граѓаните ќе го кажат своето мислење. Сметаме дека тоа е чесно,  оправдано и е единствениот можен начин. Единствените кои говорат вака се некои грчки кругови и ВМРО – ДПМНЕ. Очигледно е дека ставот кон договорот и кон решението на овој повеќедецениски проблем единствено го делат припадниците на нашата и на грчката опозиција, изјави Шекеринска.

Прашана дали е потребна нова лидерска средба или политички дијалог после референдумот, Шекеринска децидна дека Македонија мора да стане нормална држава во која власта и опозицијата секогаш треба и пожелно е да дискутираат. Таа изрази уверување дека и лидерските средби и комуникацијата и соработката помеѓу политичките партии е она што им го должиме на граѓаните.

– Не верувам дека на Македонија и треба уште една рунда преговори околу амнестија за криминалот и корупцијата, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ