• Latest
Радмила Шекеринска (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Шекеринска: Русија и тероризмот остануваат најдиректни закани за безбедноста на Алијансата и нејзините партнери

September 9, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Шекеринска: Русија и тероризмот остануваат најдиректни закани за безбедноста на Алијансата и нејзините партнери

September 9, 2025 09:53
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Радмила Шекеринска (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Радмила Шекеринска (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, за време на предавањето во Централниот воен клуб во Софија, изјави дека Русија и тероризмот се најдиректните и долгорочни закани за безбедноста на Алијансата и нејзините партнери, пренесува БГНЕС.

Русија останува најдиректна и долгорочна закана за нашата безбедност, заедно со тероризмот,  изјави Шекеринска.

Настанот го отвори почесниот претседател на Атлантскиот клуб, Соломон Паси, кој ѝ го честиташе националниот ден на Северна Македонија подарувајќи ѝ букет на Шекеринска. Паси истакна дека само 4 години по членството во НАТО, Македонија успеа да ја добие првата жена заменик-генерален секретар на алијансата од Европа.

На настанот присуствуваа амбасадорот на Украина, Олесја Илашчук, политичари и јавни личности.

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска истакна дека целта на земјите-членки на НАТО е да спречат, да се подготват и да се заштитат од оваа закана.

Таа потсети на неодамнешниот руски напад врз цивилна инфраструктура во Украина со 800 дронови и нагласи дека тоа е доказ оти Москва не е заинтересирана за мир. Според неа, приоритетите на НАТО остануваат јасни – понатамошни инвестиции во одбраната, зајакнување на одбранбената индустрија и постојана поддршка за Украина.

„Без оглед на исходот на војната, Русија ќе продолжи да биде дестабилизирачка сила“, рече Шекеринска.

Според Шекеринска, Алијансата е фокусирана на обезбедување на Украина со она што ѝ е потребно за да се одбрани и да одврати агресија во иднина. Сојузниците на НАТО обезбедуваат 99 отсто од целата воена поддршка на Украина.

Таа ги поздрави напорите на Бугарија која веќе издвојува 2% од БДП за одбраната и најави планови да достигне 5% до 2035 година. „Ова не се трошоци заради трошоци, туку инвестиции за нашата безбедност“, истакна таа.

Заменик-генералниата секретарка на НАТО ги истакна напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Украина. Средбата минатиот месец во Белата куќа меѓу претседателот Трамп, претседателот Зеленски, генералниот секретар на НАТО и голем број европски лидери беше силна демонстрација на нашето единство, но и на нашата решителност, додаде Шекеринска. Таа, исто така, ѝ се заблагодари на Бугарија за нејзината силна поддршка за Украина, а на сојузниците – да продолжат со оваа поддршка, особено во обезбедувањето клучна воена опрема – системи за воздушна одбрана, оклопни возила, ракети, лесно оружје, муниција.

Дури и кога оружјето конечно ќе замолкне во Украина, долгорочната закана од Русија ќе продолжи, рече Шекеринска, цитирана од БТА. Таа ја истакна работата на Русија и Кина во областа на производството на оружје, како и нејзините контакти со Иран, Северна Кореја и Белорусија.

„Во врска со зајакнувањето на одбранбената индустрија, таа истакна дека декларациите сами по себе не ги одвраќаат противниците, туку се потребни вистински капацитети – огнена моќ, опрема и технологии. Шекеринска додаде дека до крајот на 2025 година, земјите од ЕУ веројатно ќе произведуваат 2 милиони гранати годишно, што е шест пати повеќе отколку на почетокот на војната во Украина. Таа истакна дека сè уште има долг пат во однос на производството на одбранбени системи како што се тенкови, ракети и системи за воздушна одбрана. Заменик-генералниот секретар на НАТО истакна дека бугарската одбранбена индустрија се развива брзо, со бројни производители на муниција и лесно оружје.

Предизвиците со кои се соочуваме се големи, но единството и решителноста на НАТО се поголеми од кога било, рече и Радмила Шекеринска.

На крајот од настанот, Соломон Паси ѝ подари на Шекеринска посебен подарок, нов дизајн за плоча со познатиот автомобил што моментално се наоѓа во седиштето на НАТО – нашиот „трабант“, објасни тој.

Претседателот Румен Радев на средбата рече дека завршувањето на Европскиот транспортен коридор број 8 е од клучно значење за безбедноста на НАТО и регионот. Тој ќе ги поврзе Јадранското и Црното Море.

Радев ја истакна улогата на Мултинационалната борбена група со рамковната земја Италија на полигонот „Ново Село“ и ја нагласи важноста на проектите за модернизација на бугарската армија.

Шекеринска и Радев разговараа и за зголемувањето на уделот од БДП наменет за одбрана, војната во Украина, ризиците и иницијативите за „барање мирно решение преку дипломатија“, соопшти прес-службата на шефот на државата.

М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Заменик-генералниот секретар на НАТОРадмила Шекеринска
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ