Дезинформациите и опасните пропаганди не се нови закани. Постоеле и се користеле и порано, напиша на својот официјален Фејсбук профил министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Но, дигиталната технологија им даде поширока публика и огромна брзина.
Справувањето со нив е безбедносен приоритет, додава Шекеринска, како дел од излагањето на денешната конференција во Охрид, посветена на агендата НАТО 2030 и 30-годишнината од независноста.