• Latest
Добро утро со Орданоски

Шепотења на перница

December 9, 2021

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Шепотења на перница

Зошто, после години штитење на Груевски со сопствениот молк, сега баш во судница се расприкажаа ликови како Мартин Протуѓер и Гордана Јанкулоска, најлојалните од сите лојални на режимот на нивниот патиски шеф, кој се темелеше на беспоговорна лојалност?

December 9, 2021 07:06
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Што им текна, така наеднаш, на „десните“ и „левите“ раце на Никола Груевски да се расприкажат толку многу во судница за тоа како се финансирала ВМРО-ДПМНЕ за време на нивното владеење? Од каде таа нагла потреба, после неколку години судски рочишта и нешто постари обвиненија – да, да, од „дискредитираното“ СЈО – сега речито да раскажуваат за заклучените партиски сефови (на кои, како што изгледа, само пребеганиот Груевски им ја знаел комбинацијата на бравите), за донации во илјадници евра „на рака“ (всушност, само ова обвинение го товари Груевски за присвоени 1,3 милиони евра) на толку возљубениот лидер, за меркани плацови на планински падини?

Сето тоа било „од здравствени причини!“, итно реагираше Груевски од Будимпешта како одговор на сведочењата на своите некогашни соработници, објаснувајќи дека сакал да гради по лекарски рецепт, бидејќи многу бил загаден воздухот во Скопје, а тој имал проблем со хронично кашлање…

КЛУЧОТ Е ВО КОНТЕКСТОТ

Зошто, после години штитење на Груевски со сопствениот молк, сега баш во судница се расприкажаа ликови како Мартин Протуѓер и Гордана Јанкулоска, најлојалните од сите лојални на режимот на нивниот патиски шеф, кој се темелеше на беспоговорна лојалност? Дотолку повеќе ако се земе предвид и објавувањето, па наглото, синхронизирано бришење на изјавите на Протуѓер од десетина портали блиски на опозицијата, откако Груевски реагираше од Будимпешта – мора да се „стопиле“ телефонските линии меѓу Унгарија и Македонија некни, до таму што и самиот Протуѓер се демантираше себеси за тоа што го сведочеше во судот: „Тенденциозно неточни и вон контекст се еуфоричните наслови по мојот исказ за случајот ‘Плацеви на Водно’“, се правда Протоѓер.

Што ли ќе се случи, замислете само, ако и обвинетиот Сашо Мијалков или двајцата членови од семејството Камчеви решат да проговори на овие и слични теми, бидејќи, си мислам, тие би требало да се десет пати повеќе упатени во махинациите за кои ги товари обвинението, од Протуѓер и Јанкулоска?

„РАСПЛЕТОТ“ ПОСТОЈАНО ИМ ДОЦНИ

Дел од „политичките“ објаснувања за оваа нагла промена на позициите на обвинетите во „Плацеви на Водно“ мора да доаѓа од неуспехот на опозицијата да ја сруши сегашната Влада по локалните избори. Ним ставот дека е „готово, режимот падна, имаме ново парламентарно мнозинство“, преку „хммм, сепак немаме“, до „бараме итни вонредни избори“, веројатно им се чини прилично неуверлив, бидејќи тие мора да се чувствуваат како најголемите кандидати за „магариња“ што треба да не умрат до пролонгираните ветувања за зелената трева. Дури и ако новото владино мнозинство не успее да состави влада, ним судските предмети им влегуваат во завршни фази (г-ѓа Јанкуловска, впрочем, и така е веќе на подолгорочен престој во Идризово, а уште неколкумина од овој судски предмет ги возат од Шутка со полициска придружба) и не се веќе расположени да чекаат на дополнителни, вонредни крупни политички расплети – кога ќе ги има, ако ги има, а може и да ги нема – за да се врати судството во вмровска „кондиција“ со која токму тие владееја непречено и континуирано, на туѓа правосудна сметка.

Некои од нив мора да си велат како е можно и на што се должи тоа Зоран Ставревски, барем еднакво близок до Груевски и упатен во работите колку и сите тие (приказната за лебот и чоколадата, меѓу другото), да го нема во ниту едно обвинение на СЈО, до таму што неколку дена пред тие да се расприкажат во судница, тој и официјално ја презема партиската контрола врз финансиите на четириесетината општини со кои завладеа ВМРО-ДПМНЕ по локалните избори? Пропуштиле ли нешто тие што овој поодамна го сфатил?

„ИНДИРЕКТЕН“ КОНТЕКСТ

Но, претпоставувам дека има и други, „пошироки“ и „индиректни“ објаснувања за ваквиот пресврт.

Имено, до сега секому би требало да му е јасно дека по повеќе години празни евро-американски „дриблања“ околу „закочените“ перспективи на Балканот, Ѓаволот ја однесе шегата. Источно-западната конфронтација во Европа се приближува кон својот сегашен врв, а двете точки на крупна дестабилизација се Украина и Балканот. Во Украина се ѕвечка со многу оружје, а неизвесно е со што ќе вродат американско-руските разговори за решавање на таа компликувана криза.

Но, се чини дека Балканот во 2022 година влегува во нова фаза на обид за разрешување на „замрзнатите“ состојби и конфликти. Како што е познато, Американците во изминатите неколку месеци низ повеќе главни градови во регионот разместија дипломатски тешкаши какви што не сме виделе уште од времињата на Ричард Холбрук, а стилот и речникот на високиот претставник на Стејт Департментот, Габриел Ескобар, токму и наликува на „дипломатските булдожери“ што на времето ги разрешуваа конфликтните балкански состојби, со таа разлика што повеќето држави во регионот денеска се веќе членки на НАТО. Британците, изненадувачки, од десетици други можни сериозни кандидати, за свој главен (и, за првпат) регионален посредник го „извадија“ од пензија и го поставија еден од своите најодликувани маршали, Стјуарт Пич, чие воено-дипломатско портфолио за Балканот не треба дополнително да се објаснува. По заминувањето на Меркел во пензија, во Берлин доаѓа екипа која дипломатски е многу помалку расположена за пазарења со Русија (и Кина) на Балканот, отколку што тоа беше случај во изминатите 16 меркелини години. Франција, пак, го презема претседавањето со ЕУ од јануари, а самиот Макрон – откако пред некоја година своерачно ја искомпликува европската интегративна приказна за регионот – сега не пропушта, макар декларативно, често да потенцира дека проширувањето на Унијата кон Балканот е и негов приоритет. И така натаму.

НОВА ПРИКАЗНА?

Да се вратиме на македонската приказна, погледана од ваквиот меѓународен ракурс. Во неа, по проширувањето и стабилизирањето на владиното мнозинство неделава и по извесното заминување на Зоран Заев во политичка пензија, двата приоритети на нашите евро-американски партнери уште повеќе, се чини, ќе се фокусираат врз функционирањето на правната држава и врз симнувањето на евро-блокадата од страна на Бугарија.

За тие теми многу е кажано и до сега, но мислам дека, предводени од националните интереси на САД на Балканот, треба да се очекува притисокот врз Софија да даде дипломатски резултат во многу догледна иднина (и покрај вчерашната одлука на тамошната техничка влада за давање „зелено светло“ во декември за започнување преговори само за Албанија), а Американците да почнат да ги спроведуваат заканите од конкретни санкции (економски и други) за оние кои го кочат прогресот на регионот. Тој список не е мал, но ни предолг.

Ајде назад веднаш кон Груевски! Може ли тој да се најде на списокот за некакви меѓународни санкции? Јасно е (макар и од тековниве судски сведочења) дека лично располага со големи средства со кои, по неколку канали, со години се финансираат операции во Македонија за нејзино политичко дестабилизирање. Поддршката што ја ужива од државната машинерија на Орбан колку што е спасоносна за неговиот статус на бегалец, толку е и компромитирачка по разни основи, заради што и се појавија шпекулации за неговото заминување од Унгарија. САД со месеци најавуваат персонални санкции за слични „ентитети“ на Балканот – од Република Српска, до Бугарија – па не би било за изненадување и Груевски наскоро да се најде „окачен“ на некоја нова листа со санкции.

Можеби некој во Скопје дознал или бил информиран за ваквата можност. Можеби и расприкажаните поранешни лојални соработници на Груевски, на кои им се суди во дела каде што тој е првообвинет, слушнале за ваквата можност. Можеби тоа е причината што, конечно, решиле да го „разврзат јазикот“ на суд. А, можеби и други се подготвуваат за тоа и во судски и во „вонсудски“ порамнувања…

Дошло време да се става точка на уште една крупна фаза од македонската модерна историја. Со деблокадата на македонскиот евро-интегративен пат, кај и да е, од идната година започнува нова „епоха“. На тоа мене ми личат овие „шепотења на перница“, да видиме кој ќе се најде во таа нова приказна.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ