Андреас Шидер е австриски политичар, социјалдемократ, член на Европскиот парламент од 2019 година. Лидер на парламентарната група на австриските социјалдемократи во Националниот совет. Државен секретар во Министерството за финансии од 2008 до 2013, во владата на канцеларот Вернер Фајман.
Тој за ЦИВИЛ МЕДИА изјави:
Сметам дека тоа е важен чекор. Долго и добро ја познавам вашата земја. Мора да се признае дека имаше огромни реформи и огромни чекори за напредок на земјата. Тоа ЕУ отсекогаш го очекуваше и затоа сметам дека ова е добро. Понатаму, јас сум длабоко уверен дека целиот регион ѝ припаѓа на Европа. Особено Северна Македонија би требало да биде во позиција да ги започне преговорите најбрзо можно. Многу сум убеден дека шефовите на државите ќе ја следат оваа линија сега.
Џ. Дерала
Камера: А. Мехмети