• Latest

Шилегов со нов проект за спас на зеленилото

January 15, 2019

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шилегов со нов проект за спас на зеленилото

January 15, 2019 13:27
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната презентација на проектот „Зелен катастар“ истакна дека основа цел на проектот е заштитата на животната средина, подобрување на управувањето со јавното зеленило, како и зајаканување на урбаната отпорност преку собирање и анализа на просторни податоци за зеленилото. Град Скопје влезе во напредна фаза од реализација на овој проект во соработка со УНДП.

Според Шилегов, години наназад, за жал, како последица на градежната експанзија во градот, а како последица на проектот „Скопје 2014“ во центарот на Скопје, зеленилото во градот честопати било жртвувано на сметка на новите градежни објекти кои задоволувале извесни лични, политички и бизнис интереси, но не и интересите на граѓаните кои имаат неспорно право да живеат во здрава животна средина.

„Зелениот катастар треба да обезбеди прецизни и квалитетни податоци со помош на кои ќе може целосно да се спречи непотребното сечење или оштетување на дрвјата и целосното уништување на зеленилото за потребите на разни градежни активности, подобро планирање во насока на зачувување на постојното зеленило, поквалитетно одржување и ред други предности“, наведе градоначалникот.

Геодетско снимање на зелени површини и дрвја, грмушки, парковна инфраструктура како и изработување на ГИС апликација за преглед и управување се јавното зеленило на територија на град Скопје се само дел од активностите кои се реализирани до сега. А согласно комплексноста на проектот, активностите ќе се реализираат во неколку фази.

„Со геодетското снимање опфатено е зеленило на површина од 650 хектари. Во оваа фаза тоа го опфаќа булеварското зеленило и парковското зеленило што е под надлежност на Град Скопје. Исто така реализирана е т.н. инвенторизација на теренот која подразбира попис на дрвјата и грмушките, со собирање податоци за видот на дрвото, неговата здравствена состојба, големина, ширина и неговата точна местоположба. Досега се попишани точно 65.844 дрвја и 28.395 грмушки. Во следните фази предвидено е снимање на зелените површини на институциите што се под надлежност на Град Скопје (јавните претпријатија, јавните установи, средни училишта…)“, посочи Шилегов.

Град Скопје во соработка со скопските општини предвидува и дополнување на катастарот со зеленило кое ќе биде во нивна надлежност, како блоковско зеленило, зеленило под надлежност на основните училишта и градинките. Понатаму, како најнапредна фаза се предвидува и модул во кој секој граѓанин на Скопје ќе има можност да го впише и зеленилото од сопствениот двор.

Оваа интеактивна алатка ќе биде ажурирана во континуитет од страна на ЈП „ Паркови и зеленило“ со дополнување на новото зеленило и садењето на нови дрва. Според Шилегов, во претстојниот период освен садењето на нови зелени површини, големо внимание ќе се посвети и на заштита на постојното зеленило од страна на град Скопје. Тој истакна дека со помош на Шумарскиот факултет работат и со мапирање и ослободување на заробени стебла и корени на дрвја со градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности.

Петре Шилегов изјави дека зелениот катастар, како и останатите проекти за заштита и унапредување на животната средина на кои е поставена оваа градска администрација се од витално значење за обезведување на одржкив урбан развој на градот и граѓаните на Скопје заслужуваат да живеат во една модерна зелена престолнина која ќе им гарантира квалитетен и здрав живот.

Ј. Мицковска Попоска

 

Tags: Град Скопјезелен катастарзеленилоПетре ШилеговУНДП
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ