• Latest

Шкријељ: Најостро ќе реагираме ако најранливите граѓани се злоупотребат за изборите

June 23, 2020
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Шкријељ: Најостро ќе реагираме ако најранливите граѓани се злоупотребат за изборите

Нас ни е навистина драго што конечно ги имаме изработено, усвоени и објавени во Службен весник двата правилника. Во пракса што значи тоа за лицата кои се неевидентирани? Тоа значи сите лица кои беа впишани во тој посебен регистар ќе треба сега да се упатат до Управата за водење на матична евиденција и таму да поднесат барање за да добијат привремен извод и врз основа на тој привремен извод МВР ќе им издаде идентификционен документ, кој што е нешто налик на лична карта, и со помош на тој документ ќе може конечно да си ги остварат сите права, од социјална, здравствена заштита, вработување, и се она што им следува и сите државјани на нашата држава.

June 23, 2020 16:55
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-министерката за труд и социјална политика, Санела Шкријељ во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за тоа дека лицата „фантоми“ конечно ќе имаат лични документи и ќе може да ги остварат сите права кои им следуваат како граѓани на оваа држава, и која е процедурата за вадење на документите. Таа зборува и за (не)можните злоупотреби, уцени и закани за време на изборите…

До каде е процесот на идентификација на лицата без лични документи, односно дали конечно лицата „фантоми“ ќе станат видливи во државата?

Проблемот со лицата без документи, лицата „фантоми“ навистина долго време се провлекуваше тој проблем во нашата држава и го читавме во извештаи од граѓанските организации, од меѓународната заедница, меѓутоа фактичката состојба е дека долги години беа игнорирани и оставени на самите маргини во општеството. Токму затоа се зафативме со фазно и систематско решение на овој проблем заедно со другите надлежни институции како што се Управата за водење на матична евиденција, Министерството за правда, МВР и граѓанските организации кои цело време алармираа и повикуваа на решавање на овој проблем.

Во соработка со Управата за вадење на матична евиденција се објави еден повик за регистрација на сите лица без документи кој што траеше околу осум месеци, и со поддршка на граѓанските организации, со подршка на подрачните единици на Министерството за правда, ромските информативни центри, ромските медијатори, се излезе на терен и се направи евиденција на 700-тини лица во нашата држава кои се без документи, т.н. фантоми и тие се впишаа во посебен регистар во Управата за водење на матична евиденција.

Паралелно со тоа работевме и на новиот закон којшто се усвои во февруари месец од страна на Собранието на РСМ кој преставува најважен чекор во конечно системско решавање на овој проблем. Морам да истакнам дека имавме голема поддршка и од меѓународната заедница и во процесот на подготовка на законот, затоашто меѓународната заедница долги години алармираше за потребата од решавање на овој проблем. Она што беше потребно по усвојување на законот да се направи е да се изготват тие правилници од страна на Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи за да може да се имплементира законот.

Нас ни е навистина драго што конечно ги имаме изработено, усвоени и објавени во Службен весник двата правилника. Во пракса што значи тоа за лицата кои се неевидентирани? Тоа значи сите лица кои беа впишани во тој посебен регистар ќе треба сега да се упатат до Управата за водење на матична евиденција и таму да поднесат барање за да добијат привремен извод и врз основа на тој привремен извод МВР ќе им издаде идентификционен документ, кој што е нешто налик на лична карта, и со помош на тој документ ќе може конечно да си ги остварат сите права, од социјална, здравствена заштита, вработување, и се она што им следува и сите државјани на нашата држава.

Дали овие лица ќе може да гласаат на престојните избори?

За жал на овие избори нема да може да гласаат, бидејќи постапката за добивање на тој идентификационен документ нема да биде завршено, меѓутоа навистина верувам дека ова се последните избори на кои овие лица нема да имаат можност да гласаат. Oна што за нас како Министерство е навистина битно тоа е тој влез во системот за социјална заштита, обезбедување на сите права, а посебно на децата, затоа што ние сакаме да ги видиме тие лица во системот на социјална заштита да им помогнеме да дојдат до работа и децата да ги видиме во образовен процес. За нас како министерство тоа е најголем приоритет.

Кои невладини организации беа дел од процесот на идентификација на лицата без докумети?

Во самиот процес учествуваа сите ромски информативни центри, сите ромски здравствени медијатори коишто ги има во државата, а дополнително соработувавме со организации како што се „Амбрела“, „Лулуди“ организации кои се на терен и кои работат директно со овие лица, и за Центрите за социјална работа и Управата за водење на матична евиденција можеа полесно да дојдат во контакт со тие лица и да ги впишат во посебен регистар.

Кој е процесот за вадење на документите, и дали овие лица ќе бидат иземени од плаќање при вадење на лични документи, со оглед на тоа дека овие лица немаат доволно средства?

Самата имплементација на проектот е на товар на буџетот на државата, ние како МТСП побаравме од Министерството за правда да ги иземе од плаќањето на таа административна такса која е наведена во веќе усвоениот правилник и мислам дека за тоа ќе се усогласиме со Минситерството за правда, што значи дека тие 250 денари административна такса нема да има потреба да ги плаќаат лицата, меѓутоа штом имаме официјален заклучок, таа информација е доставена до владата и јавноста веднаш ќе биде известена.

За еден месец ќе имаме предверемени парламентарни избори, во минатото бевме сведоци дека токму лицата кои се приматели на социјална парична помош беа злоупотребени за партиски цели. Како МТСП ќе се справи доколку  има такви обиди за заплашување и уценување?

Во праве сте, навистина во минатото имавме лоши примери кои не смееја да се дозволат, а тоа е она најранливите граѓани на нашето општество да бидат манипулирани и злоупотребувани за партиско-политички цели. Целта на нашата реформа којашто ја спроведувавме во изминатите три години во Министерството беше токму тоа, да се врати достоинството на овие наши сограѓани, да се смени начинот на кој државата се грижи за овие наши сограѓани, односно да се смени тој концепт и идеја дека им се дава некаква милостина – обврска на државата е да се грижи за секој и возрасен човек и дете кој е во некој социјален ризик.

За нас е многу битно и ја повторувавме таа порака дополнително да го вратиме достоинството на вработените во Центрите за социјална работа кои исто така долги години беа занемарени и работеа во навистина лоши услови и со недоистоинствени примања. Со реформата со која направивеме зголемување и поместување на сите права и додатоци, како и зголемувањето на платите и можноста за кариера и развој на вработените во Центрите за социјана работа и веруваме дека таа порака ја испративме до граѓаните, дека обврска на државата е да се грижи за нив и никој не смее да ги уценува или злопотребува со тоа. Ние секојдневно комуницираме со граѓанските организации кои се присутни на терен и таа порака се испраќа и преку нив, и нема да дозволиме и најостро ќе реагираме на било каков обид или пријава дека има некаква намера за злоупотреба на оние семејства коишто се во социјален ризик.

Пред извесен период група на граѓани кои живеат под Железничка станица во Скопје се пожалиле дека беа физички нападнати од полицијата? Дали МТСП е запознаен со тој случај и дали преземавте некакви мерки?

Случајот беше присутен во јавноста и ние побаравме информација од МВР од каде го добивме официјалниот извештај и сопштение. Можам да кажам тоа што е во надлежност на МТСП, бидејќи се работи за бездомни семејства, ние им понудивме да се сместат во оние сместувачки капацитети кои што ги има Министерството, бидејќи одбија да бидат сместени таму, ни беше битно целиот овој период со поддршка од ОН организациите, со граѓанските организации и Град Скопје да им се обезбеди дотур на вода, да им се обезбедат пакети со храна, хигиенски средства како би ги заштитиле во оваа состојба на пандемија во која се наоѓаме и ширење на коронавирусот. Станува збор за три до пет семејства, дел од нив се без документи, значи влегуваат во оваа категорија на граѓани чиешто прашање конечно треба да биде решено за да може да бидат вклучени во системот на социјална заштита.

Колку нерешени случаи имаат Центрите за социјална работа од пред корона кризата и дали во услови на епидемија има надеж за старите и за новопристигнатите случаи до Центрите за социјална работа?

Барања до Центрите за социјална работа стигнуваат тековно, во секој месец, во секој период од годината. Дополнително земајќи предвид дека доста семејства останаа без работа и без приходи, во овој период имаме зголемен број на барања и токму затоа ги релаксиравме критериумите за влез во системот за социлајна заштита. Доколку претходно ги гледавме месечните приходи на ниво на семејство на 3 месеци, сега го гледаме само последниот месец. Следејќи ги бројките за исплатени права дека доколку претходниот квартал имавме исплата на околу 12.000 деца коишто примаат образовен додаток, сега со полседната исплата има околу 25 илјади деца кои го примија образовниот додаток.

Бројот на деца коишто примија детски додаток со последната исплата е зголемен за околу 4.000 деца. Имаме веќе над 1.500 семејства кои добија решение, од април па наваму тие се влезени во системот на социјална заштита и ние се трудиме максимално да ги убрзаме постапките и процедурите за решавање на барањата во овој период, земајќи предвид дека семејствата навистина се погодени, дополнително од тие што беа дел од неформалната економија и сега се ограничени во приходите што можат да ги остварат и навистина се трудиме заедно со Центрите за социјална работа што побрзо да се решаваат барањата.

Тие лица коишто имале прекин на работен однос, донесовме Уредба сите тие кои останале без работа од 11 март до 30 април да остварат право на паричен надомест во времетрање од два месеци дури ако потпишале спогодбен отказ, бидејќи согласно законот тие што потпишале спогодбен отказ не им следува паричен надомест, меѓутоа донесовме Уредба затоа што сметаме дека сите треба да бидат опфатени. На крај би сакала да упатам еден апел до сите тие лица дека до 26 јуни може да поднесат барање во Агенцијата за вработување за да го остварат ова право, односно сите што имале прекин на работен однос во овој период без разлика на тоа дали потпишале спогодба или лична изјава и сите оние семејства кои се без примања да поднесат барање до Центарите за социјална работа. И уште една битна порака да ја повторам до сите наши сограѓани кои се во системот за социјална заштита, дека никој нема право да ги злоупотребува, да ги уценува, да манипулира со нив и дека слободно може да се обратат до МТСП доколку има таква појава на терен во наредниот период.

Дехран Муратов

камера и монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ