• Latest
Фото: Amnesty international

Шокантна тајна егзекуција на млад човек во Иран осуден за учество во протестот „Жена, живот, слобода“

August 7, 2024
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Шокантна тајна егзекуција на млад човек во Иран осуден за учество во протестот „Жена, живот, слобода“

August 7, 2024 17:48
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Amnesty international

Фото: Amnesty international

Share on FacebookShare on Twitter

Додека вниманието на глобалните и домашните медиуми е насочено кон регионалните тензии со Израел и Палестина, иранските власти извршија одвратна произволна егзекуција во тајност на еден млад човек кој бил подложен на тортура и друго малтретирање во притвор, вклучително и сексуално насилство, и потоа осуден на смрт во лажен судски процес, се вели во објавата на Амнести интернешнл.

Одговарајќи на извештаите дека иранските власти утрово произволно го егзекутирале Реза Расаи, 34-годишен припадник на угнетените курдски и јаресански етнички и верски малцинства, во врска со бунтот „Жена, живот, слобода“ од септември-декември 2022 година, без да обезбедат претходно известување до него, неговото семејство или неговиот адвокат, Дијана Елтахави, заменик директорката на Амнести интернешенел за Блискиот Исток и Северна Африка, рече:

„Оваа егзекуција уште еднаш открива како иранскиот казнено-правен систем е гнил до сржта и ја истакнува решителноста на иранските власти да ја искористат смртната казна како алатка за политичка репресија за да влеат страв меѓу населението. Тоа, исто така, ги отфрла сите илузии за напредок во човековите права со новиот претседател кој ја презеде власта минатата недела.

„Континуираното самоволно егзекутирање на демонстрантите по бунтот „Жена, живот, слобода“ уште еднаш илустрира дека без уставни, правни и политички реформи, кршењето на човековите права и неказнивоста ќе опстојат. Таа, исто така, ја нагласува потребата државите да иницираат кривични истраги според принципот на универзална јурисдикција против сите осомничени за кривична одговорност за злосторства според меѓународното право, вклучително и највисоките ирански функционери“.

Реза (Голамреза) Расаеи беше произволно погубен тајно во 5 часот наутро по локално време на 6 август 2024 година во затворот Дизел Абад, провинцијата Керманшах. Според информациите доставени до Амнести интернешенел од информиран извор, властите претходно не го известиле Реза Расаи, неговото семејство или адвокат. Само неколку часа откако го известиле неговото семејство за неговата егзекуција, властите сурово го принудиле неговото семејство да го закопа неговото тело во оддалечена област далеку од неговиот дом и во присуство на безбедносните сили.

Реза Расаи беше осуден на смрт на 7 октомври 2023 година по крајно неправедно судење кое се потпираше на неговите присилно изнудени „признанија“, добиени под тортура и друго малтретирање, вклучувајќи тепање, електрични шокови, гушење и сексуално насилство. Реза Расаи е 10-тиот поединец што е погубен во врска со востанието „Жена, живот, слобода“. Неколку други поединци, вклучително и Моџахед (Абас) Куркури, и понатаму се изложени на голем ризик од егзекуција во врска со востанието.

По востанието, иранските власти ја интензивираа употребата на смртна казна, со најмалку 853 егзекуции регистрирани во 2023 година. Во 2024 година, тие продолжија да егзекутираат луѓе со алармантна брзина, извршувајќи најмалку 274 егзекуции заклучно со 30 јуни 2024 година, според Центарот за човекови права Абдорахман Боруманд во Иран.

Амнести интернешенел преку својот Фејсбук профил истакна дека овие ужасни прекршувања на човековите права мора да престанат и упати апел за споделување на оваа објава, зошто само заедно можеме да донесеме промени.

АИ повика да се застане во одбрана на народот на Иран: www.amnesty.de/jina

Амнести интернешенел се противи на смртната казна во сите случаи без исклучок, без разлика на природата на кривичното дело, карактеристиките на сторителот или методот што државата го користи за да го убие затвореникот. Организацијата долго време ги повикува иранските власти да воспостават мораториум на егзекуциите со цел да се укине смртната казна.

Драган Мишев

 

Tags: Amnesty InternationalИрансмртна казна
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ