• Latest

Шокантно!!! Необјавената ФБ честитка на војводата од Будимпешта за 8 септември!!!

September 11, 2019
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Шокантно!!! Необјавената ФБ честитка на војводата од Будимпешта за 8 септември!!!

Некому полна сметка, егзотични дестинации, тендер, милиони, некому платичка во администрација, некому сендвич... Битно, секој, а најчесто незаслужено - без соодветна, диплома, знаење, голи и боси, сите добија по нешто од богатството на Република Македонија!

September 11, 2019 19:54
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Драги граѓани на Република Македонија!

Знам дека многумина ме обвинуваат, а и веќе ви е познато дека во Белизе, земја-пријател на Република Македонија, а и во неколку други пријателски земји на Република Македонија, ги вложив парите на Македонскиот народ, на сметката на синот на Република Македонија.

Сега ќе ви кажам и зошто треба да бидете горди на вашиот водач, синот македонски, кој во име на славното минато на Република Македонија, ја обезбеди својата светла иднина надвор од Република Македонија!

Но не само својата иднина. На денешен ден, 8 септември Денот на независноста на Република Македонија, не заборавајте и бидете благодарни дека Тој не ги остави со куси ракави ниту неговите први братучеди, кумови, другари, соборци, сопартијци во Република Македонија!

Некому полна сметка, егзотични дестинации, тендер, милиони, некому платичка во администрација, некому сендвич… Битно, секој, а најчесто незаслужено – без соодветна, диплома, знаење, голи и боси, сите добија по нешто од богатството на Република Македонија!

А најбитно од сѐ, е дека лозата на пастирот македонски е вечно обезбедена, а богами и генерации од сите оние што беа дел од нашето владеење, во кое Република Македонија цветаше, беше меѓу првите во светот во дуинг бизнис, додека ние бевме меѓу првите по шалтерите на белосветските банки, а вие први во ред за сендвич или друга закуска по митинзи, пифтијади и други забави за македонскиот народ на Република Македонија!

Па дури и тие стотици илјади кои се отселија од Република Македонија, немаат право да се жалат, отидоа од убаво на уште поубаво. Нека ми бидат благодарни што им ги отворив очите. Во Република Македонија.

Посебна приказна се невладините, непартиските активисти, „соросоидите“ во Република Македонија. Тие најмногу жалат по мене. Додека бев јас на власт, имаа проекти, пари, немало демократија, доволно беше само да ме плукаш и да добиеш проект во Република Македонија. Сега имаат демократија, ама немаат лесни пари, дојде време нешто и да работат во Република Македонија!

Истото важи и за медиумите, особено за оние „соросоидните“ во Република Македонија. Комуњарите не се моето мвро-вмро и јас да плаќаат дарежливо, проекти има сѐ помалку, а пари од пазарот нема, затоа што го уништивме успешно во Република Македонија, а и работевме многу на оглупавување на народот, за да нема иднина за сериозни медиуми во Република Македонија!

Но, фала богу (и на сметките и парите на народот на Република Македонија) тоа не им се случува на медиумите и новинарите кои сѐ уште се во моја милост и контрола. Ви фалат милионите од државните реклами? Ви фали да добиете готова агенда, наместо да се мачите сами да смислувате вести со часови? Ви фали безбедноста и заштитата на кондомот од суровата реалност во која ќе треба да бидете вистински медиуми и новинари? Ви фали да не добивате изјави од премиерот ако не сте од послушните што добиваат не само одговори туку и готови прашања, што сега ги одбивате изјавите на Заев? Е, ви фали…

Па и за она што го имате денес како општа состојба, сите граѓани на Република Македонија без оглед на вашата припадност (освен сексуалната) сум заслужен јас!

Кога веќе го спомнав, почнете од Заев. Да не бев јас и да не попуштев, Заев никогаш немаше да стане премиер, а и за 27-ми ви кажав, да имаше наредба, ќе го немаше… во Република Македонија.

Освен тоа, на овој празник, треба да бидете благодарни во Република Македонија и за СЈО, и за Катица Јанева, и за блокадите во Собранието и во судскиот систем, за референдумот и уставните амандмани, за „Рекет“, за разноразните пожари и пожарчиња, за бојкотерите и ботовите, јавни и тајни. Ви оставив изговор за секој криминал, за сѐ што направивме во последната деценија за нас и за Република Македонија. Што и да ви речат, за што и да ве обвинат, вие бап – Република Македонија! Изговор што го посадив, и ќе ве дели успешно уште неколку генерации во Република Македонија!

Да не должам (а должам сѐ повеќе во последно време), да не сум јас, вие ќе го немате овој живот во Република Македонија! Да не сум јас и парите на македонскиот народ на моја сметка, а богами и некои мои другари од пријателски земји на Република Македонија, ќе имавте и цензус на референдум и одамна ќе ја заборавевте Република Македонија!

Затоа, македонски народе, да живеам на слобода јас! Затоа што дур сум на слобода јас, ќе живее и Република Македонија! Да живее Република Македонија!

#AluminiumOverMaximum

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share524Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ