• Latest

Штајнакер: Заштитата на природата и животната средина е најголемиот предизвик во регионот

October 14, 2019
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Штајнакер: Заштитата на природата и животната средина е најголемиот предизвик во регионот

October 14, 2019 15:22
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Гудрун Штајнакер е поранешна амбасадорка на Сојузна Република Германија во нашата земја. По завршувањето на нејзината мисија во Северна Македонија, Штајнакер е амбасадорка во Црна Гора, по што се пензионира. Како искусна дипломатка, но уште повеќе како активистка на граѓанското општество, Штајнакер е извонредно активна во повеќе полиња, од кои најголемо внимание посветува на зелените теми.

Сега е потпретседателка на Асоцијацијата Југоисточна Европа, организација што е во потрага по градење мостови меѓу политичката дебата, научниот дијалог и социо-културната размена посветена на Југоисточна Европа, формирана во 1952 година.

Нејзината посета на Скопје поврзана со темите со кои се занимава во овој период, ја искористивме да направиме краток разговор на актуелни теми.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во контекст на нашите големи очекувања од одлуката во Брисел за почеток на преговорите за влез на Северна Македонија во ЕУ и вие како поранешна амбасадорка на Германија во Северна Македонија, би сакал да ве прашам, со оглед дека сте многу активни во регионот, како дел од организации што работат во регионот, која е вашата перцепција за македонскиот напредок во однос на ЕУ, во светло на очекуваната одлука за што овие денови се очекува да се донесе во Брисел за датум за преговори за пристап на Северна Македонија во ЕУ?

ШТАЈНАКЕР: Јас сум убедена дека Северна Македонија направи многу чекори во вистински правец. Мора да речам дека откако новата Влада ја презеде власта во 2017 година, неверојатно е што постигнаа. Секако, свесна сум, исто така, и за многуте проблеми во вашата земја, социјални, политички, а сега како активистка за заштита на животната средина, работам за невладина организација „Euro Nature“  во Германија, свесна сум и за овие проблеми. Мислам дека тие можат единствено да се решат во процесот на прифаќање на земјата во ЕУ. Навистина ми е драго што германскиот Парламент одлучија за поддршка на отворање на процесот на датум за преговори. Навистина се надевам дека Брисел и другите ЕУ влади ќе го следат примерот. Навистина сум оптимистична дека тоа ќе се случи и дека од наредната година Северна Македонија веќе ќе ги води пристапните преговори и тогаш ќе започне процесот на приближување кон ЕУ, правилата и стандардите, вклучувајќи го и Поглавје 27. Тоа e област во која навистина бев активна во последната земја во која бев амбасадорка, Црна Гора.

Мислам дека заштитата на животната средина и природата е можеби најголемиот предизвик и задача во регионот. Се разбира, во контекст на социјалниот и економски развој, затоа што знаеме каква е ситуацијата, а младите образовани луѓе уште масовно се иселуваат  од регионот. Тоа е огромен проблем и за Северна Македонија, но и за другите земји. Ние, посебно, јас како поранешен германски дипломат и Германија како важна земја-партнер на РСМ, треба да направи што е можно за овој процес да се прекине и младите луѓе откако успешно ќе се едуцираат во Германија или било каде во Европа, да се вратат назад и да помогнат да за развој на  вашата земја.

Природата и животната средина е најважните средства што мора да ги заштитите и развивате и дури тога ќе можете и да профитирате од нив.

И посакувам на Северна Македонија сè најдобро и сум навистина оптимистка дека со следните чекори што ќе дојдат вие ќе бидете успешни. Има навистина прекрасни луѓе во вашата земја и секогаш кога сум тука, последен пат бев во 2017, се среќавам со овие прекрасни луѓе, со вашето многу активно граѓанско општество. Се надевам дека, особено младите луѓе, ќе ја гледаат иднината овде, во оваа земја, во овој регион и дека влезот во ЕУ ќе придонесе да бидат оптимисти и да ги инвестираат своите капацитети тука, во нивната држава.

разговорот го водеше: Џабир Дерала
обработка на текст и транскрипт: Биљана Јордановска
монтажа: Биљана Јордановска
камера и фотографија: Атанас Петровски


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ