• Latest

Штетите од блокадите се во милиони евра и непроценлива психичка тортура врз Скопјани – кој ќе ги обештети граѓаните и бизнисите?

December 6, 2022

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Штетите од блокадите се во милиони евра и непроценлива психичка тортура врз Скопјани – кој ќе ги обештети граѓаните и бизнисите?

December 6, 2022 14:48
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Организаторот на скопските блокади е познат на полицијата и ги пријавил во институциите, па така граѓаните и бизнисите се знае каде ќе може се обратат за огромните штети, кои ги трпат, а како што дознаваме достигнуваат милиони евра генерално за бизнис секторот на дневно ниво, пренесува Центар.мк.

Се доцни на работа, на училиште, на лекар – граѓаните нервозни не го одобруваат ваквиот начин на блокада.

Како што претходно објавивме дел од компаниите кои што мможат да си го дозволат тоа, работата ја префрлија од дома со цел да ги намалат загубите, но оние кои транспортираат добра низ градот или зависат од физичко присуство трпат неверојатни штети.

Најпогодени се компаниите кои оперираат низ Центар, Аеродром, Кисела Вода…

Од друг аспект видно нервозни се возачите низ Скопје, кои деновиве не може да ги завршат ниту приватните обврски.

За прв пат за штетите од ваквиот настап на приватните превозници проговори и Ристо Пенов, министер за локална самоуправа кој најави и можно насилно тргање на автобусите.

„Не можам да кажам кои мерки ќе ги преземеме, но ја следиме таа ситуација, непријатна е. Преголема штета трпат граѓаните заради, можам да кажам, некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние, одејќи накај Струмица, едвај излеговме од Скопје. Непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат или тие што мислат дека им го креираат проблемот. Вака, штетата ја плаќаат граѓаните, секој по половина час најмалку во денот вози повеќе, троши гориво, се губат работни часови, бизниси, што е огромна штета за граѓаните“, рече Пенов.

Дали е зголемен број и на сообраќајни незгоди?

Според познавачите допрва треба да се утврдува дали блокадите се можеби и виновни за поголемиот број на сообраќајки низ главниот град. Луѓето брзаат, не може да стигнат никаде и тука е нервозата, невнимателноста, а се прави неверојатно огромна гужва во делот накај Капиштец, Козле..

Деновиве на секој чекор гледаме полесни и потешки сообраќајни несреќи низ главниот град.

Анализите дали зголемениот број на несреќи низ Скопје се поради блокадите, допрва ќе се прават.

Tags: блокадиСКОПЈЕсообраќаен хаос
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ