Групата седум (Г7) е меѓувладин политички форум кој се состои од седум држави: Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД. Дополнително, Европската унија е „непопишана членка“. Членки се најголемите и најнапредни светски економии кои се дел и од ММФ. Воедно, тоа се и најбогатите либерални демократии.
Групата 7 е официјално организирана околу заедничките вредности на плурализмот и претставничките демократии. Почнувајќи од 2020 година, земјите членки на оваа група поседуваат над 50 отсто од глобалното нето богатство (што е 418 трилиони долари долари), 32-46 отсто од глобалниот бруто домашен производ, во кои живеат приближно 770 милиони луѓе или 10 отсто од светската популација.
Државите членки се и најголемите сили во глобалните прашања и одржуваат меѓусебни блиски политички, економски, социјални, правни, еколошки, воени, верски, културни и дипломатски односи. Од 2022 година, Германија го презеде ротирачкото претседателство со Г7, по Обединетото Кралство кое претседаваше во 2021 година.
Идејата потекна од ад-хок собирот на министрите за финансии во 1973 година, но оттогаш па наваму, Г7 прерасна во формална структура од висок профил во која се дискутираат и координираат решенија за главните глобални прашања, особено во областите на трговијата, безбедноста, економијата и климатските промени.
Шефот на владата или шефот на секоја земја-членка, заедно со претседателот на Комисијата и претседателот на Советот на Европската унија, се состануваат еднаш годишно на Самитот на Г7. Други високи функционери на Г7 и ЕУ се состануваат во текот на годината. Претставници на други држави и меѓународни организации често се поканети како гости, а Русија беше формална членка (како дел од Групата Осум) од 1997 до 2014 година. По инвазијата на дел Украина во 2014 година, Русија престана да биде членка на ова високо светско тело.
Извор: Wikipedia