• Latest
Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Што е гласачко ливче?

March 29, 2024

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА ЕДУКАЦИЈА

Што е гласачко ливче?

March 29, 2024 14:30
in ЕДУКАЦИЈА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Гласачкото ливче ја има најважната улога во изборниот материјал. Тоа им овозможува на граѓаните да го исполнат своето право на глас и слободно да одберат за кого ќе гласаат.

Гласачкото ливче има пет варијанти од кои: на македонски јазик, на македонски и албански јазик, македонски и турски јазик, македонски, ромски и албански јазик, македонски, албански и српски јазик, во зависност од општините во кои живеат граѓани од различни етнички заедници. Од 2019 година, се користи и шаблон со Брајова азбука за лицата со оштетен вид.

На гласачкото ливче има реден број, име и презиме на кандидатот кој го предложува кандидатот и партиски симбол доколку кандидатот е предложен од партија. На позадината на ливчето има гиош елемент кој не може да се копира или скенира.

Гласачкото ливче има видливи и невидливи елементи, кои служат за заштита. Има влакна во две бои – кои се видливи и две влакна кои се различни и невидливи, видливи се само со УВ ламба. Компанијата која ги печати гласачките ливчиња предложува еден елемент кој е таен и невидлив, а исто така и претседателот на Комисијата предложува еден, кој само тој го знае.

За еден гласач има по едно гласачко ливче.

На кочанот на гласачките ливчиња има нумерација, знаме, општини и избирачко место.

При предавањето на изборниот материјал се составува записник во кој треба посебно да се наведе вкупниот број на гласачки ливчиња со сериските броеви и потребниот број листи на кандидати што се истакнуваат во просториите за гласање, како и друг материјал потребен за гласање.

Записникот го потпишуваат претседателот и членовите на избирачкиот одбор и членот на општинската изборна комисија кој го предава материјалот.

Ако присутните претставници на подносителите на листи имаат забелешки за предавањето на изборниот материјал, тие имаат право да им се овозможи да бидат евидентирани во записникот и тие да бидат основа во постапката за заштита на избирачкото право.

При предавање на изборниот материјал право на присуство имаат и овластените набљудувачи.

ЦМТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ