• Latest
Добро утро со Орданоски

Што (не) се копа во ГТЦ?

November 17, 2021
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Што (не) се копа во ГТЦ?

За да заработите, на пример, 1.100 долари месечно копајќи криптовалути, сметката за струја би ви била 1.000 долари – така, крадењето струја, наеднаш, добива нова „инвестициска“ димензија, подобра од вложување во електрични ветерници или сончеви електрани. А и многу е попросто.

November 17, 2021 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ЕКОНОМИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕХНОЛОГИИ, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Вчерашната попладневна полициска „опсада“ на подрумите на Градскиот трговски центар во Скопје – што заврши не долго потоа, без полицијата да утврди кражба на струја од електричното напојување на ГТЦ – нѐ навраќа на една, во последните година-две, од најпопуларните модерни стопански активности во Македонија: рударството.

Не, не се работи за копање сиромашен јаглен за РЕК Битола… Не станува збор ни за подземните и надземните копови на минерали во некои од македонските рудници… Се работи за нешто за коешто малкумина разбираат што точно значи, а сѐ поголем број луѓе во земјава го практикуваат: „рударење“ криптовалути!

Знам, звучи шашаво, но звучи и многу профитабилно…

Имено, за оние кои не знаат, криптовалутите се еден вид на дигитални валути (пари, што би се рекло по старски) коишто постојат и се употребуваат исклучиво онлајн, во светот на виртуелната реалност (sic!). Тие постојат и се чуваат во дигитални „паричници“, дистрибуирани компјутерски мрежи и сервери, а овозможуваат потполна анонимност на нивните сопственици, како и на сите финансиски трансакции во кои се употребуваат. Значи, нема Народна банка што ја регулира и контролира вредноста на овие валути, нема комерцијални банки што наплаќаат процент од трансакциите, нема (сѐ уште, кај нас) финансиска полиција или управа за перење пари кои би проверувале од каде доаѓаат и на што се трошат овие суми на… хммм, не се класични пари-пари, туку криптовалути. Нема ни даночна управа за да ви наплати такса, бидејќи нема закон што јасно го регулира работењето со криптовалутите, барем не додека не решите од крипто, валутата да ја претворите во „некрипто“ пари (денари, долари, евриќи…), а и тогаш правилата се матни и, некако, сѐ уште повеќе „од општа култура“, ако баш ви се плаќа данок на принос од „дигитален имот“, ако тоа нешто ви значи. А и не мора.

Убавини! Како кога анонимно, среде зимо, би се подмочале во чоени чакшири: ем вам ви е топло, ем никој не знае!

Ако ништо не разбирате до тука, сега е време да престанете да го читате овој текст… Доколку, пак, сте го преживеале инфарктот од висината на последната домашна сметка за струја, можеби е време да се запрашате што ви прават децата по десетина часа седнати на компјутерите во нивните соби, додека вие се трудите да не пропуштите ни една факинг прес-конференција за падот или опстанокот на оваа власт… Не, не е голем проблем ако децата ви гледаат некакво порно; проблем е ако „копаат“ биткоини, бидејќи побрзо вие ќе банкротирате, одошто тие ќе станат милионери.

Што сакам да кажам?

Значи, криптовалутите имаат и една „темна тајна“, а тоа е начинот на кој се создаваат – процесот е наречен: „рударство на криптовалути“. Просто речено (хе-хе, дури сега станува компликувано!), ова рударството е активност на создавање нови „блокови“ на виртуелна валутна вредност по пат на компјутерско решавање на исклучително компликувани математички проблеми кои ги потврдуваат трансакциите во валутата. Кога биткоинот е успешно „ископан“, рударот добива однапред одреден „блок“ на електронска валута. Сега, внимателно: ако рударот може успешно да додаде „блок“ на синџирот на валутата (нешто што се нарекува блокчејн, што би можело, условно, да се спореди како извесна виртуелна акционерска книга), заработката може да биде и во стотици илјади евра! Барем во теорија…

Овие новосоздадени („ископани“) средства влегуваат во оптек преку интернет и се прокнижуваат на дигиталната сметка („паричникот“) на нивниот сопственик.

Но, но, но… Со цел успешно да додадат блок, рударите на биткоини се натпреваруваат да решат исклучително сложени математички проблеми кои бараат употреба на скапи и многу капацитетни компјутери, всушност, цели рударски компјутерски „фарми“ со хардверски „ригови“ (англ. rig – уред со специфична намена) што трошат големи количества електрична енергија. Овие низи од компјутери со големи математички способности може да чинат и до 10.000 долари по „риг“. (Упатените велат дека во Скопје ги има многу!)

Ете, се вративме на почетокот од овој текст, со вчерашната неуспешна полициска интервенција во ГТЦ во обидот да се открие наводна „фарма“ во подрумите на зградата, каде наводно се крадело струја за да се копаат биткоини.

И, да, копањето биткоини не е нелегална активност во Македонија – крадењето струја е.

А, за колку тоа струја всушност се работи?

Па – според извештајот за 2019 година од Конгресната служба за истражување на САД – електричната енергија што месечно ја троши еден „риг“ е рамна на месечната потрошувачка на половина милион вклучени уреди PlayStation 3! Ако ме разбирате што сакам да кажам…

Според тоа, за да заработите, на пример, 1.100 долари месечно копајќи криптовалути, сметката за струја би ви била 1.000 долари – така, крадењето струја, наеднаш, добива нова „инвестициска“ димензија, подобра од вложување во електрични ветерници или сончеви електрани. А и многу е попросто.

Додуша, еден начин за да се споделат некои од високите трошоци за крипто-рударството е со групирање на рударите (да, да, ѕирнете повторно што ви прават децата и со кого комуницираат затворени по тоа собите, додека вие пцуете по телевизорот заради дебатните политички емисии!), за да се зголемат компјутерските ресурси. Но, споделените ресурси значат и споделена заработка, па потенцијалниот профит е помал. Плус, постојаната нестабилност на цената на криптовалутите на глобалниот пазар отежнува да се предвиди точната вредност на заработката – освен ако, нели, не крадете струја од уличната бандера или од некој штекер по јавните и приватните претпријатија.

Ако мислите дека само се шегувам, погледајте го разговорот со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, што минатата среда го водев во „Утрински брифинг“: тој официјално вели дека годинава „имаме зголемена потрошувачка на електрична енергија особено во одредени делови на градот Скопје“ со нелегално трошење струја како резултат на копањето криптовалути. Сѐ повеќе се фаќаат илегални приклучоци на јавното осветлување по улиците, токму за оваа намена, особено и затоа што во македонските домаќинства нема ни инсталации (осигурувачи, кабли и др.) кои би издржале големо повлекување на потребната електрична енергија (а да не предизвикаат пожар!). Бислимовски констатираше и дека, како резултат на ваквото рударство, во цели градски реони се забележува пад на напонот на струјата кога во копањето биткоини ќе се вклучат по неколку компјутерски „фарми“. Кафето наместо за 5, се вари по 15 минути.

Значи, убава е, но скапа, оваа „забава за народ“, освен ако струјата не ја користите по „набавна“ цена, а плаќањето данок ви е виртуелна активност. Но, кај и да е, идната година и Македонија ќе влезе во законското регулирање на овие виртуелни заработки – ете, послушајте го експертското мислење за тоа на правниот и даночен експерт, адвокатот Душко Гошевски, од минатата недела во „Утрински брифинг“.

Со други зборови, причувајте си го златниот накит од баба ви уште извесно време, барем додека сосема не се легализира „конвертибилноста“ на оваа виртуелна валута. Додуша, оди светот натаму, а и во регионот (Србија, Хрватска, Словенија, Косово…) во тек се првичните чекори за легализирање на крипто-менувачниците, крипто-трансакциите, плаќањето данок на тие приходи итн.

До тогаш, додека висите на некоја бандера или чепкате во електричната табла во некој подрум (не мора да е ГТЦ), внимавајте да не биде од играчка – плачка, додека правите електро-пљачка.

Ај, сега, назад, на Заев, Мицко и друштвото од БЕСА…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ