• Latest

Што правиме за нас?

September 26, 2018
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Што правиме за нас?

September 26, 2018 11:08
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Со ова писмо, драги мои, ви се обраќам со една единствена цел којашто се однесува на мојот / нашиот живот, а која ќе ја раскажам од моја перспектива и како професионалец во тоа што го работам,за којашто сите добро знаете каква е,и која, пак, се разбира, е тесно поврзана со мојот приватен, а воедно и со животот кој го живеам, јас и целата моја фамилија од памтивек па наваму, тука, во Скопје, во Македонија.

Војо Цветановски

Како што пишав и погоре во ова писмо, ќе пишувам од перспективата на еден професионален уличен артист кој последниве две години почна да се занимава и со организирање на фестивалот СТАТУАФЕСТ – Другото лице на улицата,меѓународен фестивал на уличните живи статуи, кој досега се случи два пати во Скопје и еднаш во Гевгелија,и што успеа да собере еден куп луѓе на позициите на кои беше поставен и успеа за миг да ги расположи сите оние кои го посетија. Тоа е фестивал на улична уметност / уличен театар кој е достапен за широка народна маса, кој има можност секој еден граѓанин да го види без да плати билет за истиот, и воедно да ужива во мајсториите на светските артисти кои ние го донесовме на фестивалот, и во Скопје и во Гевгелија. Од тие причини често гласно говорам дека СТАТУАФЕСТ – Другото лице на улицата си постави за цел да прерасне во еден од најдоминантните и најпосетуваните фестивали од ваков карактер на ниво на цел свет, што директно значи дека и градот Скопје, но и целата наша Македонија ќе ја стави на светската културна мапа, што се однесува до уличната уметност или уличниот театар.

Изминативе неколку години со мојата театарска трупа или модерно кажано театарска продукција која ја именуваме како ТЕАТРОСК, што во превод значи театар од Скопје, поминавме безброј фестивали од ваков карактер низ безмалку цела Европа претставувајќи ја гордо нашата татковина, Македонија, а на еден од нив, ЗИГЕТ во Будимпешта, кој верувам многумина од вас го знаат, а кој е од натпреварувачки карактер успевме да го освоиме првото место на ниво на Европа, што автоматски не однесе на светското првенство за улични живи статуи во Арнхем, Холандија, следната 2019 година. Не сум човек кој кука, кој се жали и ова не го читајте на тој начин, но, сите овие години колку што настапувавме надвор од Македонија од 2010 па наваму, ниту еднаш не бевме финансиски поддржани од соодветното Министерство за култура на нашата држава.

Патувајки по тие фестивали и работејќи како уличен артист, особено на оние поголемите фестивали, во Австрија, Белгија, Холандија, Германија … дојдовме до заклучок дека поголемиот процент на артистите кои доаѓаат или од помалите земји, или пак помалите градови се организатори на мали фестивали за улична уметност токму од местото од кое доаѓаат. Тоа е одлично, воодушевувачки, тие се тука првенствено како артисти дојдени да работат и заработат, но истовремено се и во улога на селектори на своите фестивали, тука се да видат кој се’ настапува на фестивалот и кој евентуално би бил интересен да дојде и да настапува на нивниот фестивал.

Едно нешто ги врзува сите овие фестивали, покрај уличната уметност тие испраќаат и глобална порака преку самиот фестивал која пак е тесно поврзана со животот во нивниот град или нивната држава, сеедно. Кога дојдовме прв пат до идеја да правиме фестивал од ваков карактер во Скопје, искрен да бидам јас имам направено скица, односно идејно решение за огромен фестивал во Скопје под името СТАТУАФЕСТ, првенствно ми беше некако чудно, ние да правиме фестивал, но, истовремено се чувствував и должен истото да му го возвратам на мојот град, мојата татковина, некако ми беше нефер од моја страна, јас да настапувам по цел свет со мојата улична уметност, да кажувам од каде доаѓам, а таму од каде што доаѓам да нема фестивал од ваков каркатер, фестивал на улични живи статуи.

И, конечно падна одлука, во 2017 година, да правиме фестивал на улични живи статуи во Скопје, на некој начин да му се оддолжиме на градот, кој всушност никогаш со ништо не не’ задолжил. Тоа го направивме од љубов. Се испојавивме на сите што ги знаеме да дојдат на фестивал во Скопје. Некои не беа во можност, на некои им беше далеку да дојдат дури до тука, за некои пак немавме доволно финансиски средства, а некои успеавме и да го договориме. И тие дојдоа.

Пораката која им ја испратив на сите за тоа каква порака испраќа нашиот фестивал кон светот беше следната:

„СТАТУАФЕСТ – Другото лице на улицата“ е фестивал кој си постави за цел да биде креативен контрапункт на проектот „Скопје 2014“. Да бидам појасен, проектот „Скопје 2014“ е мегаломански проект кој успеа да му направи оперативен зафат на лицето на нашиот град без при тоа да се консултира со оние (читај:граѓаните на градот Скопје) кои живеат во него и да им постави елементарно прашање: дали сметате дека градот во кој живеете е грд до таа мера што задолжително му е потребна операција на лицето за да се разубави?

Се разбира дека пораката на нашиот фестивал многу повеќе е социјално – општествена одошто политичка. Со оваа порака со која ние како граѓани на овој град, оваа земја, го каниме светот во нашиот град на СТАТУАФЕСТ е со една единствена цел, а таа е да ги запознаеме одблизу, првеснтвено со убавините градот Скопје, а потоа и со лудилото и кичот кој му случија во меѓувреме и истовремено и да им покажаме и докажаеме дека таа операција на лицето која му се случи не беше поддржана од сите нас, напротив, повеќето од нас гласно се противеа против истата вклучувајки не и нас ТЕАТРОСК. За жал во тие времиња беше залудно да се противиш, никој не слушаше никого.

Затоа, преку овој фестивал, ние, како граѓани на овој град ќе го дадеме конечниот одговор кон светот со кој ќе му покажаме и докажеме какви навистина граѓани живеат во овој град, во оваа земја, а тоа несомнено се граѓани со европски сфаќања, со европска матрица на мислење.

 Јас искрено се надевам дека СТАТУАФЕСТ – Другото лице на улицата ќе го доживее својот сон и ќе постане еден од најголемите фестивали за улична уметност на светско ниво, а градот Скопје еден од најпосетуваните градови, особено додека трае овој фестивал. Јас како прогресивен и модерен македонец се чувствувам обврзан да направам нешто за мојот град, за мојата земја и тоа да го оставам во наследство на следните генерации кои ќе го надградуват модернизираат и ќе го направат уште поубаво ова наше напатено Скопје, кое најискрено се надевам дека веќе никогаш никој нема да крене рака на него.

За Скопје да остане при себе, недопрено и да го заштитам од сите болештии кои би можеле да му се случат, без размислување ќе излезам на 30 септември и ќе гласам „за“ Европска Македонија, Македонија која со гордост ќе се покажува на светот каква убавица е!


Насловна илустрација: Зоран Кардула

Оваа колумна е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“

 

Share46Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ