• Latest
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

Европската федерација на новинарите неодамна упати писмо до претседателката на Европската комисија со кое бара од неа да алармира кај балканските лидери за состојбата со медиумите. Инаку, евидентирани се 381 предупредување во врска со напади врз новинари во шест земји од Западен Балкан

October 15, 2025 18:17
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Од досегашните посети на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на Балканот (Црна Гора, Албанија, БиХ, Србија и Македонија) не се слушна нешто што би се сфатило дека е прифатена пораката што Европската федерација на новинарите и го упатила како алармантно сознание за тоа со што се’ се соочуваат новинарите од Западен Балкан. Можеби во разговорите зад четири ѕида и да имало дијалог и на оваа тема, но во изјавите после посетите тоа не се нагласи, а од посетата на Скопје и не можеше да се дознае бидејќи не беше предвидена конференција за печат!

Слободата на медиумите во регионот е во криза, особено во Србија, што вклучува политички притисок врз Н1 и Нова, вели Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите. Затоа ја поканија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да го покрене прашањето за заканите, заштитата на новинарите и медиумскиот плурализам со надлежните органи за време на нејзината посета на Западен Балкан – укажува во своја изјава претседателката на Европската федерација на новинари, Маја Север,  вработена во Хрватската телевизија.

Слободата на медиумите во регионот е во криза, особено во Србија, што вклучува политички притисок врз Н1 и Нова – вели коалиција на меѓународни организации за слобода на медиумите. Затоа ја поканија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да го покрене прашањето за заканите, заштитата на новинарите и медиумскиот плурализам со надлежните органи за време на нејзината посета на Западен Балкан.

На прашањето зошто јавно се обратиле до претседателката на Европската комисија, Маја Север вели дека тоа е смислата на нивната работа.

„Прашањето е, за што сме ние ако не ви служиме вам, новинарите, на терен, ако не реагираме во вакви ситуации, а сме платени од ЕУ за мапирање. Без ваков вид реакција кога фон дер Лајен дојде во Србија, ( на другите земји од Западен Балкан каде се забележани напади врз новинарите – б.з.) мислам дека нашата работа немаше да има вистинско значење“, рече таа. Север вели дека Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите (Media Freedom Rapid Response – MFRR) напрвила извештај во кој се евидентирани 381 предупредување во врска со напади врз новинари во шест земји од Западен Балкан.

– Од 381 предупредување, 222 од нив се во Србија. Ова значи дека нивото на насилство и притисок врз новинарите е единствено меѓу сите членки на ЕУ и оние земји што се во преговори за пристапување – нагласила Север. Како што потоа во интервју за N1 рече таа, на претседателите на ЕК сакале да ги покажат тие податоци пред нејзиното веќе завршено патување низ Западниот Балкан.

„Мислам дека ова писмо е само една капка во нашата работа и идејата дека новинарите, медиумите и организациите се поврзуваат и соработуваат токму поради вакви работи. За некои сериозни луѓе и организации да ѝ испратат – еве, ова се случува во земјата што ќе ја посетите“, додаде Север.

А на прашањето дали мисли дека Урсула фон дер Лајен не знае каква е состојбата во медиумите Север вели: „Како претседател на ЕФН, можам да кажам дека нашите извештаи и некои од нашите предупредувања стигнуваат и до Европскиот парламент и до Европската комисија. Мислам дека во принцип сите знаат дека во Европската комисија, оние што се задолжени за медиумите, ги имаат нашите извештаи. Дали треба да направиме повеќе? Да, веруваме дека реакцијата треба да биде сериозна, а тоа е она што го побаравме дури и по посетата на Србија – поглавјата во процесот на пристапување што се однесуваат на слободата на медиумите да бидат преиспитани, по она што го видовме на терен.“

„Знам колку е тешко да се работи во Србија и да се биде новинар. Се надевам дека ако не во Брисел, тогаш во Белград, предупредувањето за состојбата во медиумите некако ќе најде начин Фон дер Лајен да се соочи со фактите наведени во тој документ што го испративме“, рече претседателката на ЕФЈ.

Таа повторува дека бројот од 222 евидентирани предупредувања за напади врз новинари во Србија, од 381 во целиот регион на Западен Балкан, е бројка што многу кажува за нивото на насилство и притисок врз медиумските работници во Србија.

„И ова не важи само за Н1 и Нова ТВ, туку и за некои други случаи за кои предупредивме. Бројките покажуваат дека, за жал, Србија бележи најголем број напади врз новинари и медиуми во целата средина. Ова не е впечаток, ова се документирани бројки, за кои имаме докази“, рече таа.

Фактот дека ЕУ, како што вели, ги затвора очите и ушите за овие докази, значи дека „се вклучени некои поголеми и повисоки геополитички причини“, но дека не треба да биде така.

„Да се стави еден човек на летоци и да се шири по поштенски сандачиња, физички и вербално да се напаѓаат луѓе, да се шири пропаганда, а од друга страна, имаме наратив „Европа не е добра“, „Што ќе ни направи Европа“ и тоа во јавните медиуми… тоа е маѓепсан круг“, оцени Север.

Север вели дека се надева и дека новинарите ќе ѝ постават прашања на Фон дер Лајен за тоа за време на утрешната прес-конференција, доколку имаат можност. (Кај нас секако и да имаше прес по средбата таквите новинари обично не се канат на такви настани). Но, вели Север, мора да се нагласи обврската за која зборуваше претседателката на ЕК во нејзиниот извештај за состојбата на нацијата на почетокот на овој мандат.

Таа не верува дека Европа треба да дојде и да ги спаси независните медиуми, но потсетува дека Фон дер Лајен нагласила во својот извештај дека заштитата на слободата на медиумите е приоритет, таа долго време зборува за тоа, а потоа овие работи мора да се покажат во акција“, нагласи Маја Север. Според неа, ЕУ мора да активира некои механизми што ќе ги спречат нападите врз новинарите.

Подготви: Љубомир Костовски

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ