• Latest

Шукова: Со 55 милиони евра од ЕБОР ќе се градат депонии за пет плански региони во земјава

March 13, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шукова: Со 55 милиони евра од ЕБОР ќе се градат депонии за пет плански региони во земјава

March 13, 2023 21:12
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Обезбеден е заем од 55 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за изградба на регионални депонии за пет плански региони во земјава. Од ЕУ ќе добиеме и грант средства преку Western Balkan Infrastructure Facility во висина од 22,5 милиони евра, со што државата ќе треба да врати само половина од заемот, изјави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека покрај овие пари обезбедени се уште 9 милиони швајцарски франци како грант од швајцарската Влада.

Во Полог ќе се санира депонијата Русина, каде што швајцарската Влада веќе има инвестирано. Оваа депонија може да се користи уште пет години, па во меѓувреме се бара нова локација за нова регионална депонија. Другите четири региони опфатени со проектот се Југозапад и Пелагонија, како и Југоисток и Вардарски регион, истакна Шукова.

Министерката додаде дека за Југозападниот и Пелагонискиот регион изработена е потребната документација согласно европските стандарди и тие депонии ќе се прават со првата транша.

Со заемот ќе се обезбеди основната инфраструктура, трансфер станици, централна депонија и опрема за да може да се собира отпадот. Централната депонија за Југозапад и Пелагонија ќе биде во Новаци, во близина на РЕК Битола, додека централната депонија за Југоисток и Вардарскиот регион ќе биде во Василево, нагласи Шукова.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: депонииЕБОРзаемизградбаКаја Шуковапет плански региони
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result