• Latest

Шведска ја зголемува реформската поддршка за Северна Македонија за 20 отсто

March 15, 2023
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шведска ја зголемува реформската поддршка за Северна Македонија за 20 отсто

March 15, 2023 12:36
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи денеска во Стокхолм ќе биде примен од страна на шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром. Северна Македонија и Шведска имаат одлични билатерални односи и оваа година слават 30 години од воспоставувањето дипломатски односи, додека Шведска е силен поддржувач на земјава на нејзиниот пат кон пристапување во ЕУ.

-Оваа година Шведска ја зголемува својата реформска поддршка за Република Северна Македонија на 80 милиони шведски круни (околу 7 милиони евра), доколку дозволува локалниот капацитет за апсорпција на средствата. Ова ја прави Шведска еден од најголемите донатори меѓу земјите-членки на ЕУ, се вели во соопштението од амбасадата на Шведска.

Реформската соработка на Шведска со Северна Македонија е дел од регионалната реформска стратегија за 2021-2027 година за развојна соработка во земјите од Западен Балкан и Турција. Почетната точка за оваа соработка е да придонесе за поблиски врски меѓу Северна Македонија и ЕУ и да ги надополни активностите на ЕУ кои се фокусираат на фундаментални реформи.

Активностите финансирани во рамките на стратегијата им помагаат на националните власти во нивните домашни реформски напори и го поддржуваат граѓанското општество како што земјата напредува во процесот на интеграција во ЕУ.

– Шведска значително ја зголемува поддршката за Северна Македонија за да и помогне да напредува во процесот на интеграција во ЕУ, особено на поле на зајакнување на демократскиот и инклузивен развој. Значителното зголемување на финансирањето за Северна Македонија е одраз на посветеноста на Шведска на позицијата дека Северна Македонија припаѓа во семејството на ЕУ. Шведска испорачува и тоа го правиме заеднички со граѓанското општество и институциите. Токму овие актери се тие кои мора да ги поттикнат широките реформи потребни на патот кон ЕУ. Овие реформи ќе донесат придобивки за Македонците не од денот на влегувањето на Северна Македонија во ЕУ, туку од денот на нивното спроведување, рече амбасадорката Ами Ларсон Џаин, се вели во соопштението.

Стратегијата има четири фокусни области (1) човекови права, демократија, владеење на правото и родова еднаквост; (2) мирни и инклузивни општества; (3) еколошки и климатски отпорен одржлив развој и одржливо користење на природните ресурси; и (4) инклузивен економски развој.

Повеќе информации за шведската реформска стратегија за Западен Балкан, вклучително и за Северна Македонија, може да се преземе на следниот линк.

Tags: поддршкареформиСеверна МакедонијаШведска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ