• Latest

Шведски институт: Половина од светските демократии пропаѓаат

November 30, 2022

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Шведски институт: Половина од светските демократии пропаѓаат

Никогаш не било поитно демократиите да одговорат на овие предизвици и да им покажат на своите граѓани дека е можно да се формираат нови, иновативни општествени врски кои не нè разделуваат, туку не обединуваат

November 30, 2022 09:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Половина од светските демократии се во состојба на пропаѓање, со влошување на граѓанските слободи и владеењето на правото, а авторитарните влади стануваат порепресивни, предупреди Институтот за демократија и изборна помош (ИДЕА) со седиште во Стокхолм.

ИДЕА во својот годишен извештај наведува дека демократските институции се поткопани од проблеми кои, меѓу другото, вклучуваат ограничување на слободата на изразување и зголемена недоверба во легитимноста на изборите.

Како посебни предизвици, ИДЕА посочува неколку фактори кои придонесуваат за влошување на состојбата на демократијата во светот: руската војна во Украина, претстојната глобална рецесија, климатските промени и пандемијата на Ковид-19.

– Светот се соочува со повеќе кризи во исто време, од зголемените трошоци за живот до ризикот од нуклеарен конфликт и галопирачката климатска криза. Во исто време, сведоци сме на пад на демократските стандарди ширум светот. Тоа е токсична мешавина, се вели во извештајот од студијата за 2022 година.

ИДЕА следи и собира податоци за состојбата на демократиите во светот од 1975 година. Институтот го заснова својот индекс за глобална состојба на демократијата на повеќе од 100 променливи, од слободата на изразување до личниот интегритет и безбедносните прашања.

Во извештајот се наведува дека никогаш не бил толку голем бројот на земји кои „назадувале”, во кои е забележана сериозна ерозија на демократијата.

Како земји со проблеми на огромна политичка поларизација, нефункционални институции и закани за граѓанските слободи, ИДЕА ги споменува Полска, Унгарија и САД.

Во Европа речиси половина од демократиите се во колапс, но се нагласува дека демократските вредности и институции се клучен штит против руската агресија, не само во Украина, туку и во земјите од регионот.

– Руската војна во Украина ја потресе Европа, принудувајќи ја да го преиспита своето безбедносно опкружување и да се бори со енергетските и прехранбените кризи, се вели во извештајот.

Демократијата на глобално ниво, се заклучува во извештајот, е изложена на различни закани, а најгорливиот проблем е легитимноста на изборните резултати, ограничувањата на слободите и правата на Интернет, тврдокорната корупција и растот на екстремно десничарските партии.

– Никогаш не било поитно демократиите да одговорат на овие предизвици и да им покажат на своите граѓани дека е можно да се формираат нови, иновативни општествени врски кои не нè разделуваат, туку не обединуваат”, истакнува ИДЕА.

Што се однесува до авторитарните режими, ИДЕА тврди дека нивниот број е двојно зголемен во последните шест години, но Африка се покажала како поотпорна на нестабилноста во светот, а Гамбија, Нигер и Замбија забележале демократски чекори напред.

Tags: демократијаИДЕА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ